Гардијан: Русите ги префрлаат своите сили во источна Украина

Од:

Русија концентрира војници и опрема во најмалку три региони во близина на источната граница на Украина, покажуваат сателитски снимки, пренесува Гардијан.

Според фотографиите, што ги објави компанијата „Макар технолоџис“, за време на викендот бил забележен конвој од оклопни возила и камиони на автопатот во селото Виљхуватка, кај Харков, пишува британскиот весник.

Како што се наведува, повеќе локации на кои е распоредена опрема подготвен аза транспорт, исто така, на 7 април била забележена и во воздухопловната база во Херсон, а некои од возилата ја имало ознаката „Z“.

Гардијан додава дека на почетокот на неделава, конвој со воени возила наводно бил забележан и во близина на Билокуракин, во источната украинска област Луганск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници