Зеленски: Ќе ги прекинеме преговорите ако Русија ги елиминира украинските борци во Мариупол

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминацијата на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите со Русија.

Зеленски за „Украинска правда“ изјави дека „Мариупол може да биде како десет Бороѓанки“.

„Сакам да кажам дека елиминацијата на нашата армија, нашите момчиња, ќе стави крај на сите преговори“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина „нема да тргува со својата територија или со својот народ“.

Руското Министерство за одбрана објави дека целиот урбан дел на Мариупол е исчистен од украинските сили, а во фабриката за челик Азовстал останале само неколку борци.

Министерството објави дека украинските сили изгубиле повеќе од 4.000 луѓе во опколениот пристанишен град, пренесе агенцијата РИА.

Руските сили веќе неколку недели се обидуваат да окупираат Мариупол.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина