Варвициотис од полско – украинската граница испрати порака на солидарност за Украина и поддршка за Полска

Од:

Пораката на Грција е јасна: Солидарност со украинскиот народ и поддршка за Полска, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис од полско – украинската граница, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчкото МНР, во рамките на престојот во Полска, Варвициотис ги посетил бегалскиот камп во Хелм, како и селото Дорохуск од каде што поминале над 1,3 милиони украински бегалци и истакнал дека „не смее да се прифати продолжување на хуманитарната катастрофа во Украина, дека војната мора да заврши и да бидат поразени експанзионистичките аспирации на Путин и Русија“.

„На границата Полска – Украина бев сведок на драмата на украинските бегалци. Вистинска хуманитарна катастрофа. Пораката на Грција е јасна: Солидарност со украинскиот народ и поддршка за Полска. ЕУ сега е свесна и не смее да остави ниту една земја – членка сама пред нашите заеднички проблеми“, напиша Варвициотис на Твитер.

За време на посетата, тој рекол дека Грција веќе примила над 20.000 бегалци од Украина и може да прими уште повеќе доколку има потреба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос