Зеленски за Мариупол: Ова веќе не е војна, ова е терористичка операција

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во разговор за француската телевизија BFMTV ја спореди руската блокада на илјадници цивили во разурнатиот Мариупол со терористичка операција.

Имено, украинските команданти на терен тврдат дека руските сили не го почитувале прекинот на огнот за да ги отворат коридорите за евакуација и продолжиле да го бомбардираат градот.

Мариупол е целосно уништен од неколкунеделното руско бомбардирање и гранатирање. Десетици илјади цивили, кои живеат во нехумани услови, сè уште чекаат евакуација, соопштија украинските власти. Вчера, по серијата неуспешни обиди за евакуација, четири автобуси полни со цивили го напуштија Мариупол, но тоа беше само мал дел од оние кои чекаат да бидат извлечени на сигурно.

– Силите на Руската Федерација не ни дозволуваат да поминеме низ окупираните 120 километри за да стигнеме до Мариупол. Преговараме и отвораме хуманитарни коридори и некои луѓе успеваат да избегаат. Но, илјадници жители на Мариупол се сè уште блокирани, а Русија не им дозволува да заминат на безбедно, изјави Зеленски за BFMTV.

Претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за „успешни“ напорите на Русија во Мариупол и им нареди на руските сили да престанат да ја напаѓаат опколената фабрика за челик Азовстал, последното упориште на бранителите на градот.

– Жителите, децата, постарите и ветераните се блокирани во Мариупол. Тоа веќе не е војна, туку терористичка операција на Русија против Мариупол и жителите на тој град, рече Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ