Дуда ја обвини Русија за „тотална војна“ во Украина

Од:

Русија води тотална војна во Украина, обвини полскиот претседател Анджеј Дуда при неговото враќање од посетата на Украина, јави ДПА.

Тој денеска изјави дека никогаш нема да го заборави тоа што го видел во селото Бородинка, што е уништено од воздушни напади и проектили.

Дуда се надева дека неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со претседателите на Литванија, Летонија и на Естонија, ќе биде виден знак на нивната солидарност со бранителите на земјата.

Дуда синоќа беше во Киев заедно со литванскиот претседател Гитанас Науседа, летонскиот Егилс Левитс, како и естонскиот Алар Карис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници