Повеќе од четири милиони украински деца морале да ги напуштат домовите поради инвазијата

Од:

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија, објави Агенцијата за деца на ОН (УНИЦЕФ).

ОН потврдија дека најмалку 142 деца биле убиени во војната, додавајќи дека реалниот број е речиси сигурно многу поголем.

Мануел Фонтејн, директорот на програмите на УНИЦЕФ, кој неодамна се врати од Украина, рече дека 4,8 од 7,5 милиони украински деца ги напуштиле своите домови, нешто што тој не го видел во толку краток период од 31 година хуманитарна работа.

„Од 3,2 милиони деца за кои проценуваме дека се во нивните домови, речиси половина се изложени на ризик од недостиг на храна“, рече Фонтен пред Советот за безбедност на ОН.

Тој предупреди дека ситуацијата најверојатно ќе биде многу полоша во градовите како што се Мариупол и Херсон, каде што нема вода и санитарни услови, а снабдувањето со храна и лекови е прекинато.

Серхиј Кислица, амбасадорот на Украина во ОН, тврди дека Русите однеле повеќе од 121.000 деца од Украина и дека подготвува закон кој би требало значително да ја поедностави и забрза постапката за посвојување.

Фонтен рече дека засега нема докази за наводите, додавајќи дека УНИЦЕФ ќе ги испита овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски