Руски функционер објави четри услови за крај на војната

Од:

Специјалната воена операција на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да и се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полчук, висок функционер на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас.

„Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на цивилното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и отстранувањето на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија поради нејзината окупација од НАТО“, вели Полшчук.

Тој не објасни точно како НАТО и се заканува на Русија од украинска територија. Дипломатот додаде дека операцијата „се одвива според планираното“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници