Сателитски снимки од Буча, се гледа огромна масовна гробница

Од:

Сателитски снимки направени во четвртокот покажуваат делумно ископана масовна гробница пред црквата во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев.

Фотографиите, направени од Maxar Technologies на 31 март, покажуваат ров долг 14 метри југозападно од црквата и официјални лица кои ги отстрануваат телата на украинските цивили.

Не е јасно колку тела се извадени од оваа гробница, но Москва тајмс пишува дека таму биле закопани 57 луѓе.

Градоначалникот Анатолиј Федорук изјави за АФФ дека властите во Буча „веќе закопале 280 луѓе во масовни гробници“ откако руските трупи се повлекле од областа, додавајќи дека улиците се „полни со трупови“.

Буча, град со околу 28.000 жители, стана сцена на интензивни борби кога започна инвазијата на 24 февруари. Предградијата на Киев минаа со недели под руска воена контрола, објави Киев Индипендент, а кога градот повторно беше заземен, беа пронајдени останките на стотици убиени украински цивили.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски