Албанија бара независна истрага за воени злосторства во Буча и најави тужба во СБ на ОН

Од:

Официјална Тирана доцна синоќа реагираше во врска со „ѕверските убиства на цивили во украинскиот град Буча“, барајќи независна истрага за руските воени злосторства и најави тужба во Советот за безбедност на ОН, јави дописничката на МИА од Тирана.

Премиерот Еди Рама во реакција објавена на Твитер напиша дека сликите се вознемирувачки и додава дека треба да се стори се и да се „почне независна истрага за овие руски воени злосторства”.

– Ужасните слики на убиени цивили во Буча се шокантни. Треба да се направи се и да почне независна истрага за вакви ужасни воени злосторства. Ништо не може да ја оправда таквата суровост. Колку болка и колку срам, напиша Рама.

Реагираше и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, нарекувајќи ги шокантните слики од Буча „вистинското лице на рускиот криминален режим”.

Таа најави дека Албанија ќе поднесе тужба како членка на Советот за безбедност на ОН.

Реакциите на осуда следуваа по информациите дека во украинскиот град Буча, во близина на Киев, е откриена масовна гробница во која биле пронајдени тела на 57 убиени цивили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски