Молотови коктели на протест во Тирана

Од:

На протестот организиран во Тирана од опозициските партии кои бараат смена на градоначалникот, демонстрантите се судрија со полицијата пред градското собрание на албанскиот главен град, објавија локалните медиуми.

Демонстрантите фрлаа факели и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана.

Насобраните бараат смена на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијаи и го обвинуваат за корупција.

Ова е втор протест организиран пред општинската зграда во последните неколку дена, а кој уследи по апсењето на повеќе директори и поранешни директори на градски фирми осомничени за корупција, перење пари и кршење на еднаквоста на тендерите.

Опозицијата тврди дека Вељијај е вмешан во коруптивни дела кои ги истражува Специјалното обвинителство.

Вељијај, пак, изјави дека „не се чувствува добро“ поради апсењето на неговите соработници, но нагласи дека обвиненијата мора да се докажат на суд.

Тој додаде дека не го прекршил законот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски