Хегер: Словачка и донираше на Украина противракетен систем С-300

Од:

Словачка и донираше на Украина моќен систем за противвоздушна одбрана С-300 како мала помош во одбраната од руската агресија, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер.

Британските медиуми пренесуваат дека Украина секојдневно го повикува Западот да и донира од толку потребното оружје.

-Можам да потврдам дека Словачка донираше ракетен систем С-300, врз основа на нивното барање да им помогне во одбраната од агресијата, изјави Хегер, кој денеска се наоѓа во посета на Киев.

Системот С-300 е произведен во поранешниот СССР, а во оперативна употреба е и денеска.

Словачка следната недела од САД ќе добие четири противвоздушни ракетни системи „Патриот“, што ќе ги заменат системите за противракетна одбрана С-300 пренесени во Украина, изјави денеска словачкиот министер за одбрана Јарослав Над.

-Четирите системи „Патриот САМ“, од најновата модификација PAC 3, ќе ни обезбедат неспоредливо повисок степен на заштита од застарениот систем С-300 произведен во 1987 година. Зборуваме за недвосмислено зајакнување на одбранбените способности на Словачка, рече Над.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад со дрон во областа Курск

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни