Полските власти ја запленија „Шпиунската населба“ во Варшава што ја користеа советски и руски дипломати

Од:

Судски извршител денеска во име на властите во Варшава од Руската Федерација го презеде спорниот блок згради што Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија, го користеа како луксузен хотел и резиденции за свои дипломати во полскиот главен град.

„Ја презедовме т.н Шпионска населба, сакаме да им ја предадеме на нашите украински пријатели. Мило ми е што на ваков симболичен начин можеме да покажеме дека Варшава им помага на Украинците. Во комплексот влегол извршител, се проверува техничката состојба на зградите“, изјави денеска градоначалникот на Варшава Рафал Часковски.

Претставниците на Руската амбасада не се согласуваа доброволно да ги предадат објектите, ангажирале обезбедување и инсистирале дека тоа е дипломатско претставништво. Извршителот дошол во придружба на полицијата, синџирите биле исечени, бравата била скршена и судските власти влегле во комплексот.

Зградите се празни од 1990-тите, во нив единствено неколку години работел ноќен клуб, а во 2008 година Полска го откажа договорот со Руската Федерација од 1974 година, според кој Советскиот Сојуз го доби земјиштето на кое се наоѓаат зградите. Русија како земја наследничка не го исполнила својот дел од договорот според кој Полска требало да добие соодветен недвижен имот во Москва надомест за девет парцели и згради во Варшава и Полска.

Во 2012 година властите во Варшава почнаа да бараат од Русија да плаќа кирија за зградите што ги користи без договор, а во 2016 година Варшава поднесе жалба до судот, барајќи сопственост врз комплексот, што судот го прифати и пресуди дека Русија мора да плати околу 1,5 милиони евра во пресметката за бесправно користење објекти.

Русија реагираше на одлуката на судот нудејќи ѝ на Полска различни имоти во Русија за нови полски конзулати или амбасади, но преговорите не вродија со плод, па на 23 март властите во Варшава решија да ја извршат судската одлука испраќајќи дипломатска нота до Русија, која го оспори извршувањето со забелешка дека се работи за дипломатско земјиште, додека за зградите дека се изградено со сопствени средства.

Амбасадорот на Украина во Полска, Андриј Дешчица изјави дека испратил нота до полската администрација дека Киев е заинтересиран да ја изнајми зградата.

„Сакав денеска да го подигнам украинското знаме, но нема да претеруваме како Русите. Ќе ја запазиме пропишаната процедура. Зградите сигурно ќе им служат на Украина и на Украинците. Можеби како училиште, можеби како станови. Но, ние сакаме да го направиме тоа во согласност со законот, а не како Русите, изјави украинскиот амбасадор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници