Украина и Русија не се договорија за коридорите, денеска нема евакуација на цивили

Од:

Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за коридори за евакуација за да им помогнат на цивилите кои бегаат од областите погодени од војната, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

„Не успеавме да се договориме за прекин на огнот на патиштата за евакуација. Затоа, за жал, денеска не отвораме хуманитарни коридори“, изјави вицепремиерот на Украина.

Верешчук, исто така, рече дека украинските власти побарале хуманитарни коридори за евакуација на цивилите и ранетите украински војници од Мариупол.

Вчера беа договорени девет хуманитарни коридори за да се овозможи евакуација на цивили. Пет од деветте коридори за евакуација беа од украинскиот регион Луганск, на истокот на земјата.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски