Би-Би-Си: Масакрот на железничката станица во Краматорск е изведен со забранети касетни бомби

Од:

Би-Би-Си тврди дека постојат докази дека масакрот на железничката станица во Краматорск бил изведен со касетни бомби, чија употреба е забранета со меѓународното право.

Касетните бомби, всушност, содржат голем број помали бомби што се распрснуваат пред ударот и експлодираат во поширока област. Повеќе од 50 цивили загинаа во нападот на железничката станица, која беше преполна во моментот на експлозијата.

Новинарите на Би-Би-Си по нападот ја посетија железничката станица во Краматорск и пронајдоа мали кратери на земјата кои се конзистентни со боевата глава која содржи касетна муниција.

Имено, повеќекратните експлозии на касетната муниција вообичаено расфрлаат фрагменти на поширок простор околу местото на ударот на проектилот, оставајќи зад себе карактеристични мали кратери.

На местото на нападот беа пронајдени остатоци од ракетата „Точка-У“ од советската ера. Станува збор за балистичка ракета со краток дострел, која може да носи касетна боева глава која содржи 50 помали бомби, наведува Би-Би-Си.

Експертите наведуваат дека малите кратери на станицата се во согласност со касетната муниција.

-Кратерите се сосема конзистентни со муницијата како GN24, касетна муниција од советската ера која може да се смести во боева глава од проектилите „Точка“, изјави Сидарт Каусал, експерт за ракети во британскиот Кралски институт за одбранбени прашања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски