Песков: Протерувањето на дипломати од Европа ја усложнува комуникацијата

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков протерувањето на руски дипломати од европските држави го оцени како „кратковидост “, со што ќе се усложни комуникацијата.

– Стеснувањето на можностите за дипломатска комуникација во ваква невидено тешка кризна ситуација е кратковиден потег што дополнително ќе ја комплицира нашата комуникација потребна за изнаоѓање решение, истакна Песков.

За два дена од земјите-членки на Европска Унија протерани се повеќе од 120 руски дипломати откако во текот на викендот во градот Буча, што е лоциран во близина на Киев беа откриени масовни гробници и безживотни тела на цивили по улиците.

Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Украина и најави реципрочни мерки за протерувањето на дипломатите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски