Во Мариупол се убиени над 10 илјади цивили тврди градоначалникот

Од:

Градоначалникот на опколениот и разурнат Мариупол изјави за АП дека најмалку 10.000 цивили загинале во тој град на југот на Украина од почетокот на инвазијата.

„Телата се расфрлани по улиците“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за АП. Според Би-Би-Си, Бојченко зборувал со АП од непозната локација во Украина, но не од градот.

Тој велеи дека во градот се уште има околу 120.000 цивили. Итно им треба вода, храна и лекови, додаде тој.

Бојченко вели дека добил извештаи дека руските сили собираат тела и ги чуваат во замрзнувачи во голем трговски центар.

Неговите тврдења не се независно потврдени.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски