Градоначалникот на Мариупол: Судбината на 100.000 цивили е во рацете на еден човек

Од:

„Рускиот претседател Владимир Путин може сам да одлучи за судбината на 100.000 цивили кои сè уште се заробени во Мариупол“, рече градоначалникот на градот.

Вадим Боjченко рече дека сателитските снимки од масовните гробници се „доказ дека Русите ги закопуваат телата во обид да го сокријат бројот на мртви“. Тој вели дека Мариупол се уште се бори, и покрај двомесечната опсада.

„Граѓаните кои не избегаа останаа без струја, парно и вода“, рече тој.

„Важно е да се разбере дека животите на цивилите во мојот град се во рацете на само една личност – Владимир Путин. И сите смртни случаи што ќе се случат исто така ќе бидат во негови раце“, изјави Бојченко за Ројтерс.

„Русија никогаш немаше план да го ослободи градот. Тоа беше план за уништување“, рече Бојченко.

Тој процени дека 90 отсто од пристанишниот град на југоисток е оштетен или уништен.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски