Поранешни бугарски пратеници со црвена боја ја испрскаа таблата на Амбасадата на Русија во Софија

Од:

Поранешните бугарски пратеници и лидери на новоформираната партија „Ние доаѓаме“, Арман Бабикјан и Николај Хаџигенов, кои ги организираа протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година, денеска со црвена боја ја испрскаа таблата на руската Амбасада во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата потоа биле однесени во полициската управа.

Нивните акции се организирани во знак на протест против војната во Украина и како симбол на крвта што таму се пролева. Според двајцата, руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова требало да биде протерана, а во Украина да биде испратена воена и хуманитарна помош.

На двајцата експратеници им е одреден притвор од 24 часа, но според локалните медиуми не е исклучено тие да бидат ослободени и порано, по завршувањето на истражните дејствија.

Во знак на протест поради нивното приведување 30-тина лица се собраа пред зградата на регионалната полициска управа во Софија.

Хаџигенов и Бабикјан коментирале дека на овој начин го искажале својот граѓански став против војната во Украина.

Според нив функционерите на Путин секој ден мора да ја гледаат крвта на невините жртви на фашистичкиот режим во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски