Пред Москва и Киев, Гутереш ќе отпатува во Турција

Од:

Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Турција пред да замине за Москва и Киев.

Според соопштението на ОН, Антонио Гутереш утре ќе ја посети престолнината Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој потоа во вторник ќе отпатува за Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе има работен ручек со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неговата последна станица ќе биде в четврток во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеб.

Турција се постави како посредник меѓу Украина и Русија за време на војната и беше домаќин на мировните преговори меѓу двете страни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски