Русија потврди дека е извршена размена на заробеници со Украина

Од:

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова потврди дека Украина и Русија вчера размениле затвореници. Москалкова рече дека меѓу затворениците кои се вратиле во Русија имало четворица вработени во државната корпорација за атомска енергија Росатом, војници и цивили.

„Тие дојдоа во Русија рано утрото“, напиша Москалкова во објавата на интернет.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук вчера изјави дека 12 украински војници се вратиле за време на размената на затвореници, што е трета од почетокот на конфликтот.

Како дел од договорот, и 14 цивили се враќаат, додаде Верешчук.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници