Компанијата „Интел“ ја прекинува соработката со Русија

Од:

Американскиот производител на микропроцесори „Интел“ соопшти дека ја прекинува работата во Русија, приклучувајќи се на големиот број компании што ја напуштија државата по инвазијата врз Украина.

Компанијата што минатиот месец ги запре испораките за клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за минимизирање на нарушувањето на нејзиниот глобален бизнис.

„Интел и се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и кон повиците за брзо враќање на мирот“, соопшти компанијата.

И „Ај-Би-Ем“ ги прекина испораките откако Украина ги повика американските производители на софтвер да го прекинат бизнисот со Русија.

Компаниите и владините агенции во Русија воглавно се потпираа на технологијата развиена на Запад, која беше основа на нејзините ИТ системи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски