Командантот на „Азов“ во Мариупол вели дека неколкумина се погодени од „отровна супстанција од непознато потекло“

Од:

Командантот на украинската единица што го брани пристанишниот град Мариупол денеска објави видео изјава, велејќи дека неколку луѓе биле погодени од „отровна супстанција од непознато потекло“, а во однос на извештаите за наводен руски хемиски напад.

Денис Прокопенко, командант на баталјонот Азов, во изјавата рече дека не е можно целосно да се истражи местото на настанот поради руското гранатирање, јави Си-Ен-Ен.

– Жртвите од ширењето на отровна материја од непознато потекло во градот Мариупол се во релативно задоволителна состојба, рече Прокопенко. – Контактот на цивилите со супстанцијата беше минимален, бидејќи епицентарот на (инцидентот) беше на одредено растојание од локацијата на цивилите. Војската беше малку поблиску.

– Меѓутоа, во моментов е невозможно целосно да се истражи местото на настанот поради непријателскиот оган, бидејќи Русите продолжуваат да ја користат тактиката на прикривање на сопствените злосторства, вели Прокопенко.

Си-Ен-Ен потенцира дека не може од независн и извори да потврди дека имало некаков хемиски напад или колку жртви биле погодени од таков инцидент.

Објавата на Прокопенко на Телеграм покажува кратки интервјуа со војник и двајца цивили, вклучително и една постара жена, кои наводно биле погодени од супстанцијата, и интервју со две медицински лица.

Неименуван воен анестезиолог рече дека главните симптоми на жртвите се следните: хиперемија на лицето, висок крвен притисок, сувост и воспаление во орофаринксот и мукозни мембрани на очите.

Во изјава за националната телевизија, заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, рече дека властите сè уште го истражуваат инцидентот.

– Од сега ги проверуваме овие информации, рече таа. – Се обидуваме да разбереме што е користено. Врз основа на прелиминарните податоци, постои претпоставка дека тоа би можело да биде фосфорна муниција. Но, официјалните информации ќе следат подоцна, појасни таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина