Путин вели дека воените цели на Русија во Украина се „благородни“ и ќе бидат остварени

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека воените цели на неговата земја во Украина се „благородни“ и дека ќе бидат остварени, јави руската државна новинска агенција Тасс, пренесе Си-Ен-Ен.

Во денешниот говор на космодромот Восточни во источна Русија, каде што се состана со белорускиот лидер Александар Лукашенко, Путин рече дека „специјалната операција“ во Украина е вистинскиот чекор бидејќи Русија „немала друг избор“.

Путин рече дека целта на „специјалната воена операција“ е да им се помогне на жителите на Донбас и „презема мерки за да се обезбеди безбедноста на самата Русија“.

– Очигледно, немавме друг избор, тоа е точно. И нема сомнеж дека целите ќе бидат постигнати, рече Путин во вторникот.

– Главната цел е да им помогнеме на луѓето во Донбас, на народот на Донбас, што го признавме и моравме да го направиме тоа, бидејќи властите во Киев, охрабрени од Западот, одбија да ги спроведат договорите од Минск, насочени кон мирно решавање на проблемите. Проблемите на Донбас, додаде рускиот претседател.

Во врска со влијанието на западните санкции против Москва, Путин рече дека Русија нема да се изолира и е подготвена да соработува со сите партнери кои тоа го сакаат.

– Нема да се изолираме. Во современиот свет, целосно е невозможно некој целосно да се изолира, а невозможно е да се изолира огромна земја како Русија. Така што ќе работиме со оние партнери кои сакаат да комуницираат, рече Путин.

Тој исто така рече дека Русија ќе развива сопствени способности за да го замени она што порано можеше да го купи со приходите од продажба на енергија.

– Ќе ги промовираме сопствените способности, ќе го развиеме она што можевме слободно да го купуваме за петродолари и гас, рече рускиот претседател на состанокот со вработените во космодромот „Восточни“ во Амурската област.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Горан Наумовски

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски