Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Од:

Русија ќе направи се за да спречи светски конфликт, но нема да дозволиме никој да ни се заканува. Нашите стратешки сили се секогаш на готовност, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој на сите граѓани им го честита Денот на победата.

Тој потсети дека судбината на човештвото е решена во величествените битки што се случија во близина на Москва, Курск, Севастопол.

Нашите татковци и дедовци ја штитеа татковината и го уништија нацизмот, ги ослободија народите во Европа. Русија ја почитува храброста на сите војници на антихитлеровската коалиција, рече Путин.

Денес, пак, се обидуваат да ја искриват вистината за Втората светска војна, бидејќи вистината им пречи на оние кои сакаат да градат колонијална политика на лаги, посочи Путин.

„Реваншизам и исмејување на историјата, оправдување на нацизмот – сето тоа е дел од заедничката политика на западните елити со цел да се поттикнат нови конфликти“, рече тој и додаде дека Русија ги отфрла претензиите на која било држава или сојуз за исклучителност.

„Знаеме до што води неумереноста на таквите амбиции“, рече рускиот претседател и предупреди дека Западот се обидува да започне нови конфликти во светот, меѓунационални непријателства и да ги попречува суверените центри на развој.

„Сите учесници на СВО се наши херои, се поклонуваме пред вашата решителност“, рече рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ