Обвинителот на МКС: Украина стана вистинско место на злосторство

Од:

Украина стана вистинско „место на злосторство“, оцени вчера во Буча, во близина на Киев, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ICC), Карим Кан.

– Тука сме затоа што имаме добра причина да веруваме дека се извршени злосторства, за што е и надлежен Судот. Мораме да ја растераме воената магла, за да дојдеме до вистината, истакна Британецот.

Изјавата ја даде во Буча, градот што стана симбол на злосторства во конфликтот, бидејќи стотици тела беа откриени таму кон крајот на март, според украинските власти. Русија негира дека извршила какви било злосторства.

Тим на форензичари од Меѓународниот кривичен суд се подготвува за работа, појасни Кан, за „навистина да може да се одвои вистината од измислиците“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал