Фајненшл тајмс: Настаните во Украина го означуваат почетокот на економската деглобализација

Од:

Настаните во Украина и реакцијата на западните земји на нив доведуваат до почеток на нов период на економска деглобализација, кој ќе се карактеризира со приоритет на безбедноста пред трговијата, пишува британски весник Фајненшл тајмс.

Според главниот економист на американскиот инвестициски фонд BNY Mellon Investment Management Шамик Дару, цитиран од весникот, новите модели на тргување „ќе бидат одредени со враќањето на политиките на конфронтација меѓу големите сили и постоењето пријателски трговски блокови“.

„Сегашната меѓународна економска архитектура станува се побезначајна во споредба со критичните прашања на политичката економија“, рече тој.

Ерик Нилсен, економски советник на италијанската банка UniCredit, вели дека се согласува со тоа. „Влегуваме во долг период на деглобализација“, рече експертот, додавајќи дека тој процес ќе ги зголеми трошоците за производите и услугите ширум светот.

ФТ забележува дека влијанието на настаните во Украина веќе се чувствува во транспортот, кој се намали од крајот на февруари.

Адам Пошен, претседател на Вашингтонскиот институт за светска економија, верува дека сегашната ситуација ќе предизвика нови царински бариери во различни делови на светот.

Во меѓувреме, Џоана Чуа, шеф на одделот за економија на Азија во Ситигруп, рече дека западните санкции против девизните резерви на Русија „ќе го промовираат процесот на дедоларизација“ на глобалниот финансиски систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина