Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска оцени дека во моментов нема услови за преговори меѓу Русија и Украина, поради што, како што додаде, продолжува руската специјална воена операција.

„Позицијата на претседателот (на Русија Владимир Путин) е добро позната… последен пат тој зборуваше за тоа за време на разговор со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Ставот на Русија е дека засега нема услови за преговори, бидејќи на сите добро им е позната позицијата на Украина да не прифаќа никакви преговори“, изјави Песков.

Коментирајќи ги причините за одбивањето на Киев да ги продолжи преговорите во Истанбул во 2022 година, Песков рече дека тоа е резултат на директен притисок од Лондон.

„Ова беше директен притисок од Лондон, а се останато е шпекулација“, рече Песков.

Во 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша Декрет со кој формално се прогласува дека какви било преговори меѓу Украина и Путин се невозможни, додека можноста за разговори со следниот претседател на Русија е оставена отворена.

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина