Седум лица загинаа во пожар во воен институт во Русија

Од:

Најмалку седум лица загинаа денеска во голем пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските агенции.

Станува збор за Централниот истражувачки институт на руските воздухопловни сили. Руската телевизија објави видео од четирикатница над која се издига густ чад.

Според изјавите на очевидци за телевизија, неколкумина вработени во институтот морале да скокнат преку прозорците од горните катови на зградата за да се спасат од пожарот кој зафатил површина од 1.000 метри квадратни.

„Според последните информации, билансот на пожарот се искачи на седум загинати“, изјави портпаролот на спасувачката служба. Првично беше соопштено дека загинале пет лица, а околу дваесет се повредени, пренесува Хина.

Неколку од повредените се во болница, од кои тројца на интензивна нега, изјави за ТАСС портпаролот на болницата во Твер.

Според првичните информации, пожарот веројатно избувнал поради стари електрични инсталации, јави ТАСС.

Според руското Министерство за одбрана, институтот се занимава со одбранбени истражувања и развој на нови системи за противвоздушна одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина