Германските компании се соочуваат со проблеми кои произлегуваат од војната во Украина

Од:

Очекувањата на германските компании за прометот и профитот доживеаја голем удар од војната во Украина, според германскиот Бизнис панел монитор за април објавен денеска.

Речиси 80 проценти од над 1.000 анкетирани бизниси предвидуваат падови, при што олеснувањето на ограничувањата за пандемијата на коронавирусот од 20 март не успеале да се спротивстават на негативните трендови, јави ДПА.

Компаниите како причини за загриженост ги навеле зголемените трошоци за енергија и проблемите со доцнењето во синџирот на снабдување. Ефектите врз нивните бизниси во Украина и Русија и губењето на прометот во двете земји одиграле само мала улога.

Сепак, повеќето од компаниите изразија поддршка за сегашните санкции против Русија, при што 60 проценти ги сметаат за позитивни или крајно позитивни, а само малку над 15 отсто за негативни или крајно негативни.

За потенцијалниот прекин на увозот на руска нафта или гас одговорите се различни, при што 41 проценти го сметаат за позитивен, а 36 отсто за негативен.

Индустриите кои многу зависат од рускиот гас се стремат да се спротивстават на ембаргото за руски суровини. Противставувањето на ембаргото се зголеми во последните неколку недели, велат авторите на студијата.

Германскиот Бизнис панел е дел од проектот Сметководство за транспарентност кој го реализира Германската истражувачка фондација (DFG), организација која ги обединува универзитетите и истражувачките тела и е заеднички финансирана од германската федерална Влада и 16-те покраини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке