Липавски: Светските лидери да вложат максимални напори да ја олеснат ситуацијата во Украина

Од:

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски денеска изјави дека светските лидери „мора да вложат максимални напори барем малку да ја олеснат ситуацијата“ во Украина.

Говорејќи пред состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург, Липавски рече дека на Украина сигурно ќе и се помогне со хуманитарни коридори. „Од друга страна, не бидете наивни. Путин ги изврши овие ужасни воени злосторства и масакри и треба да биде казнет за тоа“, рече Липавски.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок нагласи дека мора да се направи се за да се разјаснат сите околности на руските воени злосторства во Украина, вклучително и поддршката за Меѓународниот кривичен суд околу истрагата на тие злосторства.

„Она што е јасно е дека на Украина и е потребна дополнителна воена помош, пред се тешко оружје. Сега не е време за изговори, време е за креативност и прагматизам“, рече Бербок

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот