Кличко: Две третини од жителите на Киев се вратија во градот

Од:

Две третини од жителите на Киев, кои го напуштија градот на почетокот од војната со Русија, веќе се вратија дома, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

– Луѓе се враќаат секојдневно, и покрај препораките. Но, ние не можеме да забраниме. Можеме само да препорачаме, појасни Кличко, јави Униан.

Како што истакна градоначалникот, сè уште не вреди луѓето да се враќаат во градот, затоа што јавниот превоз не работи, а на пунктовите има контроли.

Кличко нагласи дека градските власти се потпираат исклучиво на препораките од војската, од каде предупредуваат дека постои закана од ракетни напади на градот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат