ТАСС: Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и Донбас

Од:

Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и територијата на Донецката и Луганската народна република, информираа руските безбедносни служби за ТАСС, зборувајќи за самопрогласените републики и анектираниот Крим.

„Вкупно над 860.000 лица, вклучувајќи повеќе од 161.000 деца, пристигнаа во Русија преку контролните пунктови во Ростовска, Белгородска, како и регионот Брјанск и Република Крим“, тврди изворот.

Се додава и дека протокот на луѓе, кои ја преминуваат границата од Донбас и Украина, е благо намален во последните денови, од 20.000 на 15.000 лица дневно.

Меѓу оние кои пристигнале во Русија, има над 237.000 граѓани на Руската федерација, над 480.000 лица од самопрогласените ДНР и ЛНР, а 142.000 луѓе од Украина и од други држави, пишуваат дел медиуми.

Повеќе од 32.000 бегалци се сместени во центри за привремено сместување во 45 региони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници