Блинкен со благодарност до Романија за прифаќањето на бегалците од Украина

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреску, јавија од Стејт департментот.

Во разговорот, Блинкен се заблагодрил на Романија за „огромното добредојде што го даде за повеќе од 700.000 бегалци од Украина“. Како што се наведува, двајцата ја истакнале важноста од трансатлантското заедништво „во лицето на бруталната војна на Кремљ против Украина“.

-Државниот секретар ја истакна потребата од продолжителна напорна работа на сојузниците од НАТО за поддршка на напорите на Украина да се одбрани од непровоцираната и неоправдана агресија на Русија.

Двајцата,исто така, ја реафирмирале цврстата поддршка за украинскиот народ и неговата историска борба за слобода, демократија и можноста да изберат свој правец.

Државниот секрар и министерот за надворешни ја истакнаа важноста од билатералните односи меѓу двете земји, осведочено од значајноста на 25 годишнината на американско-романското стратешко партнерство, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија