Русија покрена кривична истрага за нападот во Краматорск

Од:

Рускиот истражен комитет покрена кривична истрага за ракетниот напад на украинската армија со проектили од типот Точка-У врз Краматорск, при што загинаа најмалку 50 лица, соопшти денеска прес-службата на Истражниот комитет.

Главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против командантот на бригадата на украинските вооружени сили и други неидентификувани лица, се наведува во соопштението.

Тие се товарат за кривичното дело предвидено во точка 1 од член 356 од Кривичниот законик на Русија – Сурово постапување кон цивилно население и употреба на средства и методи на војување забранети со Меѓународниот договор на Руската Федерација, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина