Арестович: Украина ќе возврати со напади врз Москва доколку руските сили го нападнат Киев

Од:

Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, се закани со возвратен напад врз Москва во случај на руски напад врз Киев.

Арестович за каналот „Фегин лајв“ истакна дека Украина ќе возврати, како коментар на предупредувањето од руското Министерство за одбрана дека ќе бидат нападнати центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев.

Според него, Украина е подготвена за таква ситуација бидејќи се може да се очекува од Кремљ.

„Дозволете ми веднаш да кажам дека имаме големи можности да удриме врз Русија. А тоа што се уште не ги користиме, па, секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме“, рече Арестовиќ.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека доколку продолжат обидите за напади на украинските сили врз руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучувајќи го и Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски