Сателитски снимки од масовна гробница во близина на Мариупол: „Тука може да има 9.000 цивили“, вели градоначалникот

Од:

Компанијата Maxar Technologies објави сателитски снимки за кои наведува дека е прикажана голема масовна гробница во близина на опколениот украински град Мариупол.

Американската компанија соопшти дека повеќе од 200 нови гробници се појавиле на местото во последните недели, додека руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот. Во горниот дел на сликата се гледаат ископувањата за кои станува збор.

Сателитска снимка од 19 март

Maxar вели дека прегледот на сликите од средината на март до средината на април покажува дека проширувањето започнало помеѓу 23 и 26 март.

Местото на ископување е во близина на постоечките гробишта во селото Манхуш, 20 километри западно од Мариупол.

Во објава на Телеграм, градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека во масовната гробница може да се најдат тела на до 9.000 цивили.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски