Нов руски ултиматум за бранителите на Мариупол

Од:

Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пренесува Би-Би-Си.

– Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето, соопшти руското Министерство за одбрана.

Ниту еден украински војник вчера не ја прифати истата понуда, се вели во соопштението на Министерството.

Градскиот совет на Мариупол во објава на Телеграм соопшти дека и покрај бројот на руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат Мариупол, па затоа „сакаат да ја срамнат со земја“ фабриката за челик. Понатаму, се наведува дека Русија не ја одвратил фактот што во комплексот се засолнети и цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата и понатаму е тешка и непроменета, а судбината на десетици илјади цивили останува непозната.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски