Украинската војска соопшти дека за 24 часа одбила 10 руски напади во Донецк и Луганск

Од:

Главниот фокус на Русија останува на Мариупол, војската продолжува да ја напаѓа фабриката за челик Азовстал, во која се сместени украински војници и цивили, се вели во новиот разузнавачки извештај на украинската армија.

Војската, исто така, вели дека руските сили продолжуваат со нивната голема инвазија на источна Украина за да воспостават целосна контрола врз регионите Донецк и на Луганск.

„Русија продолжува да ги бомбардира цивилните и воените структури во земјата. Во Донецк и Таврија, руските трупи продолжуваат со гранатирање по линијата на фронтот, обидувајќи се да најдат слаби точки во одбраната на Украина“, се вели во извештајот.

Руските војници се обидуваат да започнат воена операција во украинското село Попасна во Луганск, во источна Украина. По обидите на руските сили да ги нападнат локациите Рубижне и Северодонецк, околу 130 ранети војници се префрлени во локална болница.

Украинската армија тврди дека одбила 10 напади на руските сили во Доњецк и Луганск во последните 24 часа.

„Уништени се 12 тенкови, 28 оклопни возила и еден артилериски систем, а украинските воздухопловни сили погодија девет цели – еден авион, еден хеликоптер, шест беспилотни летала и една крстосувачка ракета“, пишува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски