Јапонија ги осуди нападите врз украинските цивили

Од:

Најостра осуда за пријавените напади врз цивили во украинските населби на периферијата на Киев, изрази јапонскиот премиер Фумио Кишида, опишувајќи ги како „кршење на меѓународното право“.

Кишида рече дека „Јапонија цврсто ќе го направи она што треба да се направи“ во соработка со меѓународната заедница во случај на дополнителни санкции против Русија.

„Мораме силно да ги осудиме проблемите со човековите права и дејствијата што се во спротивност со меѓународното право“, додаде премиерот Кишида.

Европски лидери веќе ги осудија нападите, откако се појавија фотографии од трупови по улици.

Јапонија веќе воведе серија санкции против Русија, во согласност со наметнатите од САД и од други западни земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски