Лавров: Преговорите меѓу Русија и Украина не се одвиваат без проблеми

Од:

Преговорите меѓу Москва и Киев не се одвиваат без проблеми, но Русија ќе се обиде да ги постигне сите свои цели, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорот со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.

– Го информирав мојот пријател и колега за преговорите меѓу руската и украинската делегација. Тие не одат без проблеми, но ќе се обидеме да ги постигнеме сите цели на преговорите, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека генерално е многу задоволен од исходот на средбата со неговиот ерменски колега и му се заблагодари за соработката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина