Украинските војници во Мариупол нема да се предадат

Од:

Нема индикации дека украинската војска ќе и се предаде на Русија во опколениот град Мариупол.

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, на Телеграм објави дека и покрај рускиот ултиматум за „коридорот за предавање“ на преостанатите војници во градот, „нашите бранители продолжуваат да ја држат одбраната“.

Андриушченко додаде дека нападите на руските сили не се ограничени само на фабриката за челик Азовстал, каде се наведува дека престојуваат украинските војници.

„За време на борбите, окупаторите повторно со тешка артилерија гранатираа приватни станбени куќи“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски