Градоначалник на Буча: Пронајдени телата на 403 цивили

Од:

Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува.

Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели.

Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина