Украина: Нема веќе руски војници во Суми

Од:

Руските трупи го напуштија регионот Суми во североисточна Украина, соопшти Дмитро Живјицки, началникот на регионалната администрација, пренесува ДПА.

Живјицки на својот „Фејсбук“ статус посочи дека во регионот сега повеќе нема руски војници.

Тој го информира локалното население дека доколку слушне експлозии, тоа е поради активностите што на терен ги спроведуваат спасувачките служби и деминерите за отранување на експлозив и муниција што зад себе ги оставиле руските трупи.

Живјицки сепак предупредува дека регионот сè уште не е безбеден поради поставените мини на повеќе локации. Токму поради тоа, тој го предупреди локалното население да не се вози надвор од асфалтираниот дел од коловозите, да не се користат шумски патеки и да не се чепка оставена воена опрема.

Инаку Живјицки уште во неделата изјави дека почнало повлекување на руските трупи од областа.

Заедно со регионите Доњецк, Луганск, Харков и Киев, регионот Суми беше една од целите на руските трупи на почетокот на воените дејствија на руските сили пред повеќе од еден месец.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски