Локален функционер тврди дека Украинците нападнале руска територија

Од:

Гувернерот на руската област Брјанск Александар Богомаз објави дека „украинските сили отвориле оган врз станбени згради во тој регион“ кој е во близина на украинската граница недалеку од градот Чернихов.

– Вооружените сили на Украина денеска го гранатираа Климово. Од гранатирањето оштетени се две станбени згради, а меѓу жителите има и жртви. На лице место работат надлежните служби, Министерството за вонредни состојби. Луѓето сега ја добиваат сета потребна медицинска нега, напиша Богомаз на социјалните мрежи.

Претходно руските власти соопштија дека е гранатирана станица на руската гранична полиција. Во нападот биле оштетени неколку возила, тврдат Русите.

Информациите не можат да се потврдат од независни извори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина