Турската Амбасада во Украина повторно почна со работа во Киев

Од:

Турција повторно почна со работа во Амбасадата во Киев која пред еден месец ја евакуираше поради безбедносни причини, се наведува во официјалното соопштение на Амбасадата објавено преку „твитер“.

Напредувањето на руските сили ја натера Анкара да ја премести својата Амбасада во Чернивци, во близина на границата со Романија.

„Привремено ги префрливме активностите во градот Черновци што функцинираше како наш центар за логистика. Од денеска (вторник) се вративме во Киев“, се наведува во твитот.

Украина во саботата соопшти дека руските сили почнале „брзо повлекување“ од северните делови на земјата околу главниот град како и Чернигив.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски