ЕУ со „најостра можна осуда“ за масакрите во Буча и други украински градови

Од:

Европската Унија утрово соопшти дека ги осудува на најостар можен начин “ужасните дејствија извршени од страна на руските воени сили“ во повеќе украински градови кои се сега ослободени, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еден од овие градови е Буча, од каде вчера се обелоденети ужасни снимки за масакрите извршени од страна на руските воени сили, иако Русија демантира дека е одговорна.

Буча и други украински градови ослободени од Русија известуваат за гробници и масакри извршени за време на руската окупација, како и масовно уништување на инфраструктурите.

-Масакрите во градот Буча и други украински градови ќе бидат запишани на листата на ѕверства извршени на европско тло, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

За ЕУ руските власти се одговорни за овие ѕверства додека Русија ги контролираше овие градови. Кремљ ги демантира овие наводи. Обединетите Нации побараа темелна истрага.

ЕУ вети дека одговорните ќе се соочат со правдата и ќе одговараат, ЕУ му дава поддршка на Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за да ги истражи воените злосторства во Украина, и му пружа помош и на украинскиот јавен обвинител во неговите истраги, порачаа од кај Борел.

По ужасните снимки од Буча се очекува ЕУ да разговара за нови санкции, најверојатно во енергетскиот сектор. Повеќе земји членки поддржуваат ваков чекор, но нема единство околу санкциите врз гасот, поверојатен е компромис за санкции врз јагленот и нафтата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски