Украинската вицепремиерка вели дека Русите заробиле 1.700 Украинци, вклучувајќи 500 жени

Од:

Русија и проруските сепаратисти заробија 1.700 луѓе, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Во интервју за Ројтерс, таа рече дека меѓу заробените има 500 жени. Според неа, тие биле принудени да стојат, главите им се избричени и секој ден ги соблекуваат „за преглед“.

– Тие го газат човечкото достоинство. Слушнав информации за силувања, скршени кичми … Сакаат да се плашиме, сакаат да плачеме и да бидеме жртви, но не сме. Нашите девојки и жени бараат од нас да продолжиме да се бориме, рече таа.

Верешчук е задолжена за преговорите за размена на затвореници со Русија и хуманитарните коридори од опколените градови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина