Од минута во минута: Русија – Убивме 180 странски платеници, САД и се закани на Кина

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

23:04 – Лијешко: Руските сили целосно уништија седум болници

Украинскиот министер за здравство Виктор Лијешко изјави дека седум болници се целосно уништени во Украина од почетокот на руската инвазија.

22:47 – ВИДЕО: Руските сили го гранатираат Харков

Руските сили вечерва го гранатират вториот по големина град во Украина, Харков.

22:28 – Американски медиуми: Русија бара помош од Кина

Фајненшл тајмс и Њујорк тајмс повикувајќи се на неименувани американски претставници објавија дека Русија побарала воена и економска помош од Кина.

22:10 – Телефонски разговор Кулеба – Блинкен

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на Твитер објави дека имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

21:33 – Верешчук: Евакуирани над 140.000 цивили

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека преку хуманитарните коридори евакуирани се повеќе од 140.000 цивили од конфликтните зони во земјата.

21:07 – Џонсон: Варварските постапки на Путин се тест за целото човештво

Британскиот премиер Борис Џонсон во денешниот телефонски разговор со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, ја пофали храброста на украинскиот претседател и народ, изјави портпаролот на Даунинг стрит..

20:40 – Во Русија приведени над 800 пацифисти

Во 37 руски градови денеска се приведени повеќе од 800 луѓе, кои демонстрирале против руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на демонстрации.

20:39 – Десетици илјади луѓе протестираа во Германија против војната во Украина

Десетици илјади луѓе денеска протестираа неколку германски градови против руската инвазија врз Украина, соопштија полицијата и организаторите.

20:18 – Во Белград нов митинг за поддршка на Русија

Со знамињата на Русија, Белорусија, Србија, Новорусија, како и знамето со ликот на Ратко Младиќ, околу илјада граѓани се собраа на паркингот во близина на белградскиот Сава центар пред планираното протестно возење за поддршка на Русија и рускиот народ во војната со Украина.

19:55 – Песков: Утре продолжуваат руско-украинските преговори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека руско-украинските преговори се планирани за утре.

19:25 – Русија тврди дека во нападот врз базата Јаворив убиени се околу 180 странски платеници

Руската армија тврди дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници.

19:01 – Нуклеарната централа Чернобил повторно вклучена на националната електрична мрежа

Украинскиот министер за енергетика Херман халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.

18:46 – На медиумите им се забранет влез во градот Ирпин

Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од денеска на новинарите им е забранет влез во градот.

18:02 – Саливан: Кина е предупредена за последиците ако и помогне на Русија

Американските власти го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции, изјави денеска советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан.

17:57 – Дриан: Најлошото е пред нас

Ние сме „соочени со ѕид“ и „војната ќе биде долга“, изјави денеска францускиот министер за Европа и за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, за Франс Интер.

17:40 – ВИДЕО: Врховниот командант на украинската армија објави снимка од уништување на руски тенк

Врховниот командант на вооружените сили на Украина објави видео на кое украинските сили уништуваат руски тенк.

17:19 – ВИДЕО: Во масовна гробница во близина на Киев погребани 67 цивили

67 цивили беа закопани во масовна гробница во Буча, Украина, во близина на Киев, област која беше место на жестоки борби

16:59 – Командантот на Путин призна: Инвазијата не оди толку брзо како што сакавме

Главниот командант на руската Национална гарда, поранешен личен телохранител на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Золотов денеска изјави дека „специјалната воена операција“ не се одвива според планот.

16:56 – САД: НАТО ќе одговори „со полна сила“ доколку Русија изврши инвазија на нејзина територија

Изјавата доаѓа само неколку часа откако руските сили истрелаа 30 проектили врз база што ја користи НАТО на само 24 километри од полската граница – и територијата на НАТО.

16:48 – САД: Русија ќе ги сноси последиците за смртта на новинар

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, вели дека САД ќе наметнат „соодветни последици“ врз Русија.

16:44 – Украински преговарач: Верувам дека може да има резултати во преговорите со Русите во наредните денови

Ројтерс ги цитира зборовите на украинскиот преговарач кој смета дека во наредните денови може да има резултати во преговорите меѓу Русија и Украина.

16:31 – Рено е првиот странски новинар убиен во Украина

Американскиот новинар Брен Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

16:26 – Путин покажува се поголема параноја за своето здравје, велат западните разузнавачи

Западните разузнавачки служби веруваат дека личноста на Владимир Путин драстично се променила во последните пет години, а Путин покажува растечка и очигледна параноја за неговото здравје, пишува Гардијан.

16:08 – Чавушоглу: Турција нема да воведе санкции кон Русија

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека Анкара нема да воведе санкции кон Русија.

15:46 – ВИДЕО: Голема бомба извадена од стан во Чернихив

Голема бомба е отстранета од стан на приземје на станбена зграда во Чернихив.

15:38 – (ВИДЕО) Украина: Русите употребија фосфорни бомби во Донбас

Шефот на украинската полиција во регионот Луганск, на исток, ја обвини руската армија дека вчера вечер го бомбардирала неговото место со фосфорни бомби.

15:15 – Дуда: НАТО ќе мора сериозно да размисли ако Путин употреби хемиско оружје

Полскиот претседател Анджеј Дуда во денешното интервју изјави дека руската употреба на хемиско оружје во Украина ќе промени сè и дека НАТО ќе мора сериозно да размисли како да одговори.

14:40 – ВИДЕО: Убиен новинар на Њујорк тајмс во близина на Ирпин

Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

13:33 – Папа Франциск: Запрете со масакрот

Папата Франциск денеска упати остра осуда за рускиот напад врз Украина.

13:23 – Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“

13:12 – Домовите на руските олигарси би можеле да се користат за сместување украински бегалци во Велика Британија

Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер.

12:44 – Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на база кај Лавов

Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се повредени во руски ракетен напад врз воената тренинг база во западна Украина во близина на полската граница, изјави регионалниот гувернер.

12:27 – (ВИДЕО) Украина: Соборивме авион на руските окупатори

Украинските сили соопштија дека утринава собориле руски авион.

12:26 – Украина: Русите го киднапираа и градоначалникот на Днипрорудне

Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Днипрорудне, Јехвен Метвејев, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

12:08 – Што тврдат Украинците за воените загуби, а што Русите

Украинската војска тврди дека убила повеќе од 12.000 руски војници…

11:48 – Зеленски: Русија се обидува да воспостави своја власт во Херсон

Како резултат на нападот на нашата земја, Украина, руското раководство всушност ја претвора својата држава во аналог на таканаречените „ДНР“ и „ЛНР“. На голема зона која е изолирана од целиот свет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата.

10:50 – ВИДЕО: 20 загинати во рускиот напад врз воената база во близина на полската граница

Во ракетен напад врз воената база во близина на Лавов загинаа 20 лица, соопштија за Гардијан од службите за итни случаи.

10:01 – Украинскиот министер за одбрана: Ова е терористички напад во близина на границата на НАТО

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги нарече терористички, руските ракетни напади врз воената база наречена Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, во близина на полската граница.

09:50 – Девет загинати во рускиот воздушен напад врз воена база во близина на Лавов

Гувернерот на областa Лавов изјави дека во нападот врз воената база западно од градот загинале девет лица, а ранети се 57 лица.

09:31 – Заменик директорот на Аерофлот поднесе оставка и ја напушти Русија

Заменик директорот на водечката руска авиокомпанија Аерофлот Андреј Панев изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.

09:08 – Нов извештај на британското разузнавање: Русите напредуваат, но трпат големи загуби

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај во кој се наведува дека руските трупи се обидуваат да ги опколат украинските сили на исток и напредуваат од правец на Харков и Мариупол, два града под опсада.

09:04 – Портпаролот на украинската армија: Засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар кај Лавов

Портпаролот на украинската армија Антон Миронович изјави дека засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар западно од Лавов, пренесува Интерфакс Украина.

08:12 – (ВИДЕО) Градоначалникот на Иванo-Франковск: Погоден е аеродромот во градот

Руските сили утрово го нападнаа аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот Руслан Марцинкив.

08:04 – Столтенберг: Русија може да употреби хемиско оружје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство.

08:01 – Сирени за воздушен напад во повеќе украински градови

Сирени за воздушен напад се огласија во неколку делови на Украина, јавува украинската новинска агенција Укринформ.

07:51 – Срушен дрон во Киев, носел три килограми експлозив

Украинските безбедносни сили собориле беспилотно летало во Киев во саботата попладне, според официјални лица и очевидци.

07:44 – Проектили истрелани кон Центар за меѓународен мир и безбедност во близина на Лавов, воен центар за обука

Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов.

07:36 – Украински претставници тврдат дека жртвите не се движеле по евакуациски конвој

Украински владини претставници изјавија дека седумте лица кои загинаа при евакуација од селото Перемоха не го користеле коридорот за евакуација.

00:25 – Украина тврди дека Русија сака целосна контрола врз нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти синоќа дека била информирана од украинскиот нуклеарен регулатор Енергоатом дека Русија планира да преземе целосна и трајна контрола врз нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.

12/03/2022

23:21 – Верешчук: Околу 13.000 Украинци денеска евакуирани преку хуманитарните коридори

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните мрежи објави дека околу 13.000 Украинци денеска биле евакуирани преку хуманитарни коридори.

23:03 – Нови сателитски снимки покажуваат разорни штети во Мариупол

На сателитски фотографии направени од приватна американска компанија се гледа големо разурнување на станбена и цивилна инфраструктура во југоисточниот украински град Мариупол, јави Би-Би-Си.

22:21 – Борел: ЕУ да не го провоцира Путин, бидејќи може да нападне земја-членка на НАТО

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека земјите-членки на Унија не треба да го провоцираат рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тој може да ги прошири своите воени активности со напад врз една од земјите-членки на НАТО.

22:10 – Чешка бара помош од ЕУ за украинските бегалци

Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракуштан денеска изјави дека Прага побарала од Европска Унија 25 модуларни згради за да смести 50.000 украински бегалци.

21:31 – Папа Франциск: Помислете на децата

Папата Франциск денеска апелираше за завршување на војната во Украина, истакнувајќи оти судирот има последици врз децата.

21:31 – PayPal ги суспендира своите услуги во Русија

Компанијата PayPal соопшти дека ги суспендира услугите за испраќање и примање плаќања во Русија.

20:50 – Украина: Седум цивили загинаа во руски напад врз конвој за евакуација во близина на Киев

Украинската разузнавачка служба соопшти дека седум цивили биле убиени откако Русија пукала врз конвој за евакуација во регионот на Киев.

19:58 – САД се подготвени за дипломатски чекори кои би биле корисни за Киев

САД се подготвени да преземат дипломатски чекори, кои би биле корисни за украинската Влада, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Западот треба повеќе да се вклучи во преговорите за ставање крај на војната.

19:23 – Британското Министерство за одбрана објави мапа на руски напади

Британското Министерство за одбрана објави нова мапа на руски напади и напредок.

19:19 – Бајден одобри 200 милиони долари во оружје и друга помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден одобри 200 милиони долари во оружје и друга помош за Украина, соопшти Белата куќа.

19:13 – (ВИДЕО) Би-би-си: Украинските сили успеваат да ги одбијат руските војници во Миколаев

Во текот на ноќта и рано наутро се слушнаа силни експлозии во украинскиот град Миколаев, каде што украинските сили успеаја да го одбијат напредувањето на руските војници долж брегот на Црното Море.

19:11 – Вооружените сили на Русија соопштија дека напреднале 12 километри

Вооружените сили на Руската Федерација напреднаа 12 километри и ја презедоа контролата над Новоандреевка и Кириловка, а стигнаа и на линијата Новомајорское – Павловка – Николское – Владимировка – Благодатно, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

19:05 – Илјадници луѓе на плоштадот во Фиренца ја поддржаа Украина

Илјадници жители на Фиренца, пријателски град на Киев, се собраа на Пјаца Санта Кроче за да изразат поддршка за Украина.

18:54 – Кулеба: Русија користи слични тактики во Украина како во Сирија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека Русија користи слични тактики во Украина како во Сирија и дека Мариупол е опколен, но се уште е под украинска контрола, пренесува Ројтерс.

18:25 – Макрон го повика Путин да ја прекине опсадата на Мариупол

Елисејската палата, денешниот телефонски разговор на Емануел Макрон и Олаф Шолц со Владимир Путин, го квалификуваат како „многу искрен и тежок“ разговор

18:03 – Песков: Преговорите помеѓу Русија и Украина продолжуваат преку видео врска

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека преговорите помеѓу Моска и Киев за судирот во Украина, кои се водени лице в лице во Белорусија, продолжуваат преку видео врска.

17:50 – ВИДЕО: Украинскиот „Бајрактар“ го уништи рускиот „Ураган“

Украинската армија објави видео од уништување на руски ракетен систем со турски дрон.

17:21 – ВИДЕО: „Париз под бомби“ за да се сензибилизираат Европејците

Украинската Врховна рада за да ја поддржи својата молба за затворање на воздушниот простор над Украина, што не може да го добие од западните држави со видео насловено „Париз под бомби“ се обидува да ги сензибилизира Европејците.

16:54 – ВИДЕО: Украина тврди дека руската авијација нападнала цели на западот на земјата

Најмалку шест бомбардери со долг дострел Тупољев Ту-95 користеле ракети воздух-земја против цели во Луцк и Ивано-Франковск, соопшти Украина.

16:34 – Зеленски: Сите преговори со Русија мора да започнат со примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сите преговори со Русија мора да започнат со прекин на огнот. Покрај тоа, тој го обвини Западот за недоволна вклученост во мировните преговори.

16:29 – Украина: Во војната загинаа 12.000 руски војници

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер денеска објави графика со информации за руската инвазија. Тие посочија колку војници, авиони, тенкови, хеликоптери и цистерни изгубила руската армија.

16:23 – ВИДЕО: Украинска заседа на конвој руски тенкови

Украинската армија објави видео од заседа на конвој руски тенкови што се движат по пат.

16:11 – Заврши телефонскиот разговор Шолц – Макрон – Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин денеска имаа телефонски разговараа за Украина.

15:43 – Руските сили зазедоа предградие на Мариупол

Украинската армија денеска соопшти дека руските сили ја зазеле источната периферија на опколениот град Мариупол.

14:40 – Русија ја презема контролата врз аеродром на територијата на Украина

14:08 – Макрон и Шолц повторно разговараат со Путин

Лидерите на Франција и Германија водат уште една рунда телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-Би-Си.

14:07 – Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како цели

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции.

13:11 – ВИДЕО: Италијанската полиција заплени суперјахта вредна 530 милиони евра од руски милијардер

Италијанската полиција заплени суперјахта на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко, соопшти денеска кабинетот на премиерот, неколку дена откако Мелниченко беше вклучен во списокот на санкции на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина.

12:56 – (ВИДЕО) Зеленски: Армијата на Путин трпи огромни загуби

Зеленски вели дека руската војска претрпела најголеми загуби во последните децении – тврдејќи дека 31 тактичка група на рускиот баталјон сега не се способни да се борат.

12:51 – Нападите продолжуваат и покрај плановите за евакуација, велат официјални лица од Украина

Руските напади продолжуваат на местата каде што се планира евакуација на цивили, соопштија гувернерите на регионот Киев и Доњецк, пренесува Ројтерс.

12:50 – Израел и Украина негираат дека Бенет ги убедувал да попуштат на руските барања

Висок украински советник и израелски функционер денеска ги оспорија медиумските извештаи во кои се сугерираше дека Израел се обидел да ја убеди Украина да попушти на руските барања за време на разговорите.

12:27 – Украина објави нова снимка од уништување руски тенк

12:25 – ВИДЕО: Украинци протестираат на улиците откако Русите го киднапираа нивниот градоначалник

Демонстранти излегоа на улиците на Мелитопол откако, според Министерството за надворешни работи на Украина, руските сили го киднапирале нивниот градоначалник Иван Федоров.

12:21 – Руски проектили погодија воен аеродром јужно од Киев

Руски проектили погодија воен аеродром јужно од Киев.

12:01 – Украина: Во војната загинаa 79 украински деца

Според наводите на украинското главно обвинителство, речиси 100 деца се повредени откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари. 79 од нив загинале.

11:52 – (ВИДЕО) Украина: Русите уништуваат магацини за храна

Украинската армија известува дека во близина на градот Бровари, кој се наоѓа источно од Киев, Русите уништуваат магацини со храна за да ги остават цивилите без храна.

11:48 – МНР на Украина тврди дека руските сили гранатирале џамија во која имало 80 луѓе

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што се засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

11:07 – Карта на напредокот на Русија во Украина: „Путин е во неволја, се подготвува за долга војна“

Американскиот институт за проучување на војна објави дека руските операции околу Киев биле „најчесто во застој во последните 24 часа“ со цел „дополнување и опремување на единиците на линијата на фронтот“.

10:56 – Русија: Меѓународната вселенска станица може да се урне

Санкциите против Русија би можеле да предизвикаат колапс на Меѓународната вселенска станица (МВС) и да предизвикаат структура од 500 тони да „падне во море или на копно“, изјави шефот на руската вселенска агенција Роскосмос.

10:55 – Русите тврдат дека го онеспособиле главниот центар за врски на украинската армија

Руската армија денеска го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина во предградието на Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

10:28 – ВИДЕО: Запалено складиште за муниција во близина на Киев

Според полицијата на киевската област, по рускиот напад избувнал пожар во складиштето за муниција.

10:22 – Украински пратеник: Киев ќе биде руски Сталинград, никој нема да се предаде

Битката за главниот град на Украина Киев може да биде новиот руски Сталинград, изјави украински пратеник за Би-Би-Си.

10:14 – Украина: Гранатирана онколошка болница

Руски сили ја гранатираа регионалната онколошка болница во Миколаев, објави шефот на градската регионална здравствена администрација, Максим Безносенко.

09:20 – Зеленски: Од украинските градови вчера евакуирани малку повеќе од 7.000 луѓе

Само 7.144 луѓе вчера беа евакуирани од украинските градови, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно телевизиско обраќање, што е значително помалку отколку во претходните два дена.

09:07 – Украина ја обвинува Русија дека спречува евакуација

Украинската Влада соопшти дека руските напади ги спречиле луѓето да избегаат од јужниот пристанишен град Мариупол, додека условите во градот стануваат се потешки.

08:56 – Британија: Руските сили се наоѓаат на 25 километри од Киев

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека поголемиот дел од руските копнени сили моментално се на околу 25 километри од центарот на главниот град на Украина, Киев.

08:49 – Нови сателитски снимки: Русите се поблиску до Киев, горат куќи, луѓе кои бегаат…

Новите сателитски снимки покажуваат куќи како горат додека руските војници напредуваат поблиску до Киев. Може да се забележат и долги редици автомобили кои се обидуваат да побегнат од главниот град на Украина.

08:36 – Во Суми ќе се отворат хуманитарни коридори

Хуманитарни коридори утрово ќе бидат воспоставени за североисточен град Суми, соопшти градоначалникот Дмитри Живицки во објава на Телеграм.

08:35 – Напад на Чернигов

Украинскиот северен град Чернигов утрово повторно беше цел на руски напади, а ситуацијата во опколениот град секој ден се влошува, јави Би-Би-Си Украина.

08:22 – (ВИДЕО) Украина објави снимка: „Уништен е непријателскиот контролен пункт во правец на Киев“

Украинското Министерство за одбрана утринава објави видео, нагласувајќи дека непријателските сили на пат кон Киев биле уништени со воздушен напад.

08:17 – Гранатирање во регионот на Киев

Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека утрово во Киев се пријавени два пожари кои избувнале како резултат на гранатирање.

08:09 – Напад на Дњепар

Дњепар беше еден од градовите кои утрово беа гранатирани од руска страна, но градоначалникот Бориј Филатов информира дека украинските системи за противвоздушна одбрана успешно го одбиле нападот.

08:08 – Зеленски до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.

08:07 – Си-Ен-Ен: Најмалку две експлозии во украинскиот Дњепар

Известувачите на Си-Ен-Ен во централниот украински град Дњепар јавија дека утрово имало најмалку две експлозии.

08:07 – НАТО испраќа војници во Норвешка на воена вежба

НАТО соопшти дека во понеделник ќе испрати војници во Норвешка каде ќе се спроведе воена вежба.

08:01 – Бајден: Русија ќе плати „жестока цена“ ако употреби хемиско оружје во Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа предупреди дека Русија ќе плати „жестока цена“ ако употреби хемиско оружје во Украина.

07:48 – Сирени за воздушен напад ја разбудија Украина

Сирени за воздушни напади утрово ги разбуди повеќето градови во Украина, јави Би-Би-Си.

07:48 – Отсега Русите кои добиваат трансфери на пари од странски банки ќе можат да подигнуваат готовина само во рубљи

Централната банка на Русија објави дека Русите кои добиваат трансфери на пари од странски банки можат да подигнуваат готовина само во рубљи, пренесува Хина.

07:42 – САД најави нови санкции против руските олигарси

Американското Министерство за финансии најави нови санкции против руските олигарси. Се наведува дека целта е да се зголеми притисокот врз луѓето блиски до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си.

07:39 – Русија ќе испрати најново оружје и опрема во Белорусија

Русија вчера потврди дека во блиска иднина на Белорусија ќе и испорача најново оружје и воена опрема, соопшти белоруската новинска агенција Белта.

00:40 – Руските сили напредуваат кон Киев, предупредуваат претставници на Пентагон

Пентагон предупреди дека руските трупи почнуваат да напредуваат кон главниот град Киев, додека украинските сили продолжуваат да се борат против налетот на ракетен оган, јави Фокс Њуз.

12/03/2022

23:12 – Украинско МНР за киднапираниот градоначалник: Според Женевска конвенција тоа е воено злосторство

„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

22:36 – Кирби: Не видовме докази за белоруски трупи во Украина

Не видовме никакви индикации дека белоруски трупи или сили се преселиле во Украина, изјави портпаролот Пентагон Џон Кирби, пренесува Би-Би-Си.

22:00 – Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека САД нема да испратат копнени трупи во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека САД нема да испратат копнени трупи во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

– Нема да водиме Трета светска војна во Украина, рече Бајден откако повтори дека САД ги поддржуваат сојузниците во НАТО. Тој вети дека САД ќе го бранат секој дел од територијата на НАТО. Бајденнагласи дека „директен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил Трета светска војна и тоа е нешто што мораме да го избегнеме по секоја цена“.

21:42 – Над два милиони луѓе сакаат да бидат евакуирани од Украина во Русија

Во изминатите 24 часа над 23.000 луѓе изразиле намера да бидат евакуирани во Русија, изјави шефот на рускиот Национален контролен центар за одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, пренесува ТАСС.

21:22 – Пентагон: Се чини дека рускиот конвој користи нова тактика на патот кон Киев

Повеќекилометарскиот конвој руски воени возила надвор од украинската престолнина Киев се дисперзира на повеќе места, но тоа не значи дека заминува, според американската влада, јави ДПА.

21:14 – Локални власти: Руските сили го гранатираат пристаништето Миколаив

Руските сили го гранатираат вечерва украинското пристаниште Миколаив, објави регионалниот гувернер.

20:05 – Јутјуб го блокира пристапот до каналите со линкови до руските државни медиуми

Платформата Јутјуб, која е во сопственост на компанијата Гугл, го блокира пристапот до каналите со линкови до руски државни медиуми повикувајќи се на политика за насилни настани.

19:19 – Столтенберг: Одговорност на НАТО е да не се прелее конфликтот од Украина во други земји

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји.

17:50 – Бајден објави нови санкции против Русија

Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и рече дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства.

17:40 – Украина: Путин ќе изврши терористички напад врз Чернобил

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.

15:19 – Владимир Кличко: Во секој момент може да се случи напад на главниот град на Украина

Владимир Кличко, припадник на украинските сили за територијална одбрана, поранешен боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев, за Си-Ен-Ен изјави дека руските војници денеска напаѓаат области ширум Украина, а нивна главна цел е главниот град Киев.

14:24 – Русија го забранува Инстаграм, а Мета сака да ја прогласи за екстремистичка организација

Руското државно обвинителство побара од рускиот суд матичната компанијата на Фејсбук, Мета да биде прогласена за екстремистичка организација.

14:12 – Зеленски: Украина направи стратешки пресврт во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев направил стратешки пресврт во војната со Русија, но оти не може да предвиди колку ќе траат борбите.

13:34 – Радев предложи да се одржи средба во Бугарија меѓу претседателите на Украина и на Русија

Бугарија има причина да претендира дека е место на преговори меѓу претседателите на Украина и Русија, но тоа мора да биде во координација со Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

13:29 – Британија ќе го замрзне имотот на 386 пратеници на руската Дума

Велика Британија најави замрзнување на имотот и забрана за патување на 386 пратеници на руската Дума кои гласаа за независност на двата региони во источна Украина.

13:20 – Столтенберг: Најмалку што може да се направи во Украина е воспоставување хуманитарни коридори

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека воспоставувањето хуманитарни коридори во Украина за евакуации и помош е „мал минимум“ што треба да се направи сега, објави Гардијан пренесувајќи делови од негово интервју за Ројтерс, дадено на маргините на форумот во Турција.

13:08 – Кремљ: Можна е средба Путин-Зеленски со претходни подготовки

Кремљ не исклучува одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа треба да биде темелно подготвена за да даде резултати, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

13:07 – Путин: Има одреден напредок во разговорите на Москва со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нагласи дека има одреден напредок во разговорите на Москва со Украина, но не даде детали.

12:57 – Речиси милион Украинци без струја

Повеќе од 954.000 Украинци во моментов немаат струја поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска украинската компанија Енергоатом.

12:47 – Бајден ќе објави за отповикување на статусот „најповластена нација“ што Русија го ужива во меѓународната трговија

Американскиот претседател, Џо Бајден, најави дека САД заедно со државите од Г-7 групата и членките на ЕУ ќе покренат иницијатива за отповикување на трговскиот статус „најповластена нација“ на Русија, поради нејзината инвазија врз Украина.

12:42 – Британија ги повика ветераните да не се приклучуваат на војната во Украина

Британскиот министер за ветерани, Лео Дочерти ги повика поранешните бранители да не се приклучуваат на војната во Украина и наместо тоа да им помогнат на Украинците од дома, преку хуманитарни акции и волонтирање.

12:24 – Германските АРД и ЗДФ продолжуваат да известуваат од Русија

Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ денеска соопштија дека продолжуваат да известуваат од Русија, по пауза за испитување на последиците од строгите нови закони за медиуми во Москва.

12:21 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од сириски доброволци подготвени за војната во Украина

Телевизискиот канал на руското Министерство за одбрана објави снимка од сириски борци кои позираат со руски знамиња и симболот „З“.

12:01 – НАТО ги зајакнува силите во речиси сите источноевропски земји

НАТО во пресрет и за време на руската инвазија на Украина ги зајакна своите сили во источна и југоисточна Европа, додека САД испратија дополнителни 15.000 војници, така што бројот на нивните луѓе на Стариот континент надмина 100.000.

11:57 – Руските напади уништија 48 училишта во Харков, соопшти градоначалникот

Четириесет и осум училишта во Харков се уништени од руските напади, информираше градоначалникот Ихор Терехов во денешното телевизиско интервју.

10:35 – Руските сили нападнаа психијатриска болница во украинскиот град Изум

Руските сили денеска извршија напад врз психијатриска болница во близина на источниот украински град Изум, јавија западните медиуми, повикувајќи се на регионалните власти.

10:20 – Путин дозволи доброволци да се борат во Донецк и во Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин поддржува доброволци да се борат, во како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.

09:59 – Навални повикува на антивоени протести в недела во Москва и други градови во Русија

Најостриот критичлар на Кремљ, Алексеј Навални повика на антивоени протести во Москва и другите градови в недела.

09:27 – Москва потврди дека извршила напади врз воените аеродроми Луцк и Ивано-Франковск во западна Украина

Руското Министерство за одбрана утринава потврди дека нејзината армија извршила напади врз воените аеродроми Луцк и Ивано-Франковск на запад на Украина, јавуваат локалните медиуми.

08:59 – Состојбата во Мариупол е алармантна, нов обид за евакуација на жителите

Продавниците и аптеките се ограбени. Болниците работат само делумно. Луѓе кои се борат за храна или земаат гориво од напуштени автомобили. Зеленчукот исчезнува на „црниот пазар“, а месото никаде го нема. Така, висок функционер на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во опколениот украински град Мариупол ги опиша тешките услови во градот.

08:53 – Ли: Важно е да се поддржат Украина и Русија во преговорите за прекин на огнот

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека ситуацијата во Украина е „загрижувачка“ и дека е важно да се поддржат Украина и Русија во преговорите за прекин на огнот.

08:52 – Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели

Украинската армија разви беспилотно летало што фрла Молотови коктели кон непријателот, па едно шише пиво е денес оружје, пишува денеска Њујорк пост.

08:08 – „Фејсбук“ дозволува говор на омраза кога станува збор за осуда на руската инвазија врз Украина

Фејсбук привремено ја ублажи својата политика кога станува збор за статуси што се однесуваат на руската инвазија врз Украина, но само кога станува збор за случаи на воопштен говор на насилство, за изрази како „смрт за руските напаѓачи“, не и за искажување закани против цивили.

08:06 – САД: На Киев не му се потребни воени авиони, туку ракети за одбрана

САД оценија дека на Украина навистина не и се потребни воени авиони за да се спротивстави на руските напади, туку планираат да испратат повеќе одбранбени системи „земја-воздух“.

07:53 – Шефер: Путин наскоро може да биде обвинет за воени злосторства

Рускиот претседател Владимор Путин може да биде обвинет од Меѓународниот кривичен суд во Хаг мошне скоро, за два до три месеци, изјави синоќа за Си-ен-ен Дејвид Шефер, поранешен специјален пратеник на САД за воени злосторства.

07:52 – Украина да ги уништи патогените во лабораториите препорачува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението.

07:49 – Повеќе од 2,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина досега од почетокот на руската инвазија

Британскиот министер за внатрешни работи вети дека ќе го рационализира системот за онлајн апликација за виза за Украинците по тешките критики за нивниот одговор на кризата. Прити Пател рече дека од вторник, украинските бегалци повеќе нема да мора да одат во центар за аплицирање за виза за да ги дадат своите биометриски податоци пред да дојдат во Велика Британија.

07:39 – ВИДЕО: Руските сили првпат го напднаа Днипро, гаѓаат цивилни цели има и жртви тврди Украина

Цивилни цели се под руско гранатирање во централниот украински град Днипро утрово, при што има жртви, соопштија службите за итни случаи. Тоа е првиот директен напад врз градот.

11/03/2022

22:50 – Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се согласило на украинскиот тим за поправки да му дозволи пристап до далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил, објави новинската агенција Интерфакс, пренесува Хина. Информацијата е објавена без дополнителни детали.

21:08 – На Самитот на ЕУ во Версај исклучена можноста за брз пристап на Украина во Унијата

На средбата на 27-те лидери на земјите од Европската унија, во Версај, холандскиот премиер Марк Руте го отфрли брзиот пристап на Украина во ЕУ, јави дописникот на МИА.

– Нема брза процедура“, потсети тој, додека Киев поднесе апликација со надеж дека ќе и се придружи на Унијата „без одлагање“. Сепак, „сакаме интензивно да соработуваме со Украина“, рече Руте.

19:02 – Поради големиот број жртви во Мариупол, убиени се закопуваат во масовни гробници, тврди заменикот градоначалник

Големиот број жртви и мртвите тела на улиците во опколениот украински град Мариупол доведоа до масовни погребувања, тврди заменик градоначалникот Сергеј Орлов.

18:09 – Зеленски: Русите сакаат Украинците на колена да молат за леб и вода

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена денеска, рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.

15:04 – Кличко: Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија

Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија, изјави во четвртокот градоначалникот, Виталиј Кличко, додека руските сили се приближуваа до главниот град на Украина.

15:03 – Весли Кларк: Интервенцијата на НАТО во Југославија е сосема поинаква од руската инвазија на Украина, што е воено злосторство

Нема паралели меѓу интервенцијата на НАТО во поранешната Сојузна Република Југославија (СРЈ) и руската инвазија на Украина, оцени Весли Кларк, пензиониран генерал и поранешен врховен командант на европските силите на НАТО за време на операциите на Сојузничките сили кои траеа од крајот на март до почетокот на јуни 1999 година врз СРЈ.

14:57 – Борел: ЕУ ја достигна границата на финансиски санкции против Русија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ ја достигна границата на своите финансиски мерки против Русија.

14:48 – Зеленски потпиша закон за „присилно одземање“ на руски имот во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за „присилно одземање“ на имоти во сопственост на Русија и нејзините жители во Украина.

14:46 – Русија забрани извоз на над 200 производи и опрема како одговор на санкциите

Русија забрани извоз на повеќе од 200 странски производи и опрема до крајот на 2022 година, како дел од одговорот на Москва на санкциите воведени поради конфликтот во Украина.

14:03 – Властите на Мариопул ги обвинуваат Русите дека го бомбардираат коридорот за евакуација на цивилите

Локалната власт во украинскиот град Мариупол тврди дека руските сили почнале да го бомбардираат „коридорot“ наменет за евакуација на жителите од тој град.

14:02 – Чавушоглу: Состанокот Кулеба – Лавров се одржа на цивилизиран начин

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чуавушоглу изјави дека денешната средба на шефовите на дипломатиите на Украина и на Русија во Турција се одржала на „цивилизиран начин“ и покрај сите проблеми, а најважниот исход од разговорите е воспоставувањето контакт.

13:39 – Богатите Руси го префрлаат богатството во Дубаи

Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија финансиски и правни извори, објави Фајненшал тајмс.

13:28 – Шолц и Макрон побараа од Путин итен прекин на огнот

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон побара итен прекин на огнот во Украина за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави неименуван претставник на германската Влада.

13:16 – Покрената истрага против 38 Украинци за предавство

Украинското Државно истражно биро покрена истрага против 38 лица под сомнение дека извршиле предавство.

12:59 – Бесплатни билети за Украинци кои ја напуштаат Полска со воз кон Германија

Бесплатни билети за Украинци кои ќе патуваат за Германија, понуди денеска полската државна железничка компанија.

12:31 – Породилиштето во Марупол камп на радикални украински борци тврди Лавров

Лажни се наводите за руски напад врз породилиштето во украинскиот град Мариупол, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

12:17 – Лавров: Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ниту Украина

Русија не планира да нападне други земји, како што не ја нападна ниту Украина, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров по состанокот со украинскиот колега, Дмитро Кулеба во Анталија.

12:06 – Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови

Кина одби да им испорача делови за авиони на руските авиокомпании, изјави денеска портпарол на Администрацијата за воздушен транспорт Росавијација.

11:53 – Кремљ: Против Русија почната невидена економска војна

Не постои пример за економска војна каква што се води против Русија, ова е ситуација без преседан, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

11:42 – Нов напад на Мариупол, едно лице загина соопштија градските власти

Руските сили денеска повторно извршија воздушен напад врз Мариупол, при што загина едно лице, соопшти Градскиот совет.

11:27 – ВИДЕО: Заврши состанокот, Лавров со жестоки обвинувања за Западот, Кулеба вели нема напредок

Заврши состанокот меѓу министерите за надворешни работи на Русија и на Украина Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба кој се одржа во Анталија.

10:59 – Велика Британија го замрзна имотот на Абрамович и на Челси

Абрамович е меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон.

10:32 – Борел: Ако завојуваме со Русија ќе почне трета светска војна

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

09:49 – Русија излегува од Советот на Европа

Русија веќе нема да учествува во Советот на Европа, соопшти руското Министерство за надворешни работи

09:47 – Велика Британија и испраќа на Украина можно оружје за борба против руските авиони

Велика Британија одлучи да испрати противвоздушни ракети Starstreak во Украина, пишува Defence News.

09:47 – Почна состанокот на Кулеба и Лавров

Првпат од почетокот на руската инвазија на Украина, се среќаваат министрите за надворешни работи на Русија и Украина – Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба.

09>29 – Британско Министерство за одбрана: Мал напредок на руски конвој, намалена воздушната активност

Британското Министерство за одбрана соопшти денеска дека голем руски конвој северозападно од Киев постигнал мал напредок за повеќе од една недела и трпи континуирани загуби, а интензитетот на руската воздушна активност е помал.

09:25 – Украинските власти отвараат седум хуманитарни коридори, еден од нив од градот Мариупол

Украина соопшти дека отвора седум хуманитарни коридори, од кои еден од Мариупол, во моменти кога стигнуваат информации дека руските трупи имаат воспоставено контрола врз одредени делови на градот.

09:24 – Русија може да одбие враќање на изнајмените авиони, подготвен нов закон

Руската влада планира да им нареди на локалните авиокомпании да плаќаат за изнајмените авиони во рубли и да им забрани да ги враќаат авионите на странски компании доколку ги откажат своите закупнини, се вели во предлог-законот објавен во четвртокот.

09:20 – ВИДЕО: Меѓу трите жртви во детската болница во Мариупол и шестгодишно дете објавија локалните власти

Меѓу трите жртви во нападот на детската болница во Мариупол има и шестгодишно дете изјави за Би-би-си заменикот градноачалник. Додава дека во нападот се повредени 17 лица.

07:59 – Планирани три коридори за евакуација од Суми во североисточна Украина

Украинските власти планираат денеска да отворат три коридори за напуштање од регионот Суми во североисточна Украина, според шефот на регионалната администрација Дмитро Живицки.

07:59 – Зеленски: Може да се направат компромиси, но тие не смеат да значат предавство на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека актуелниот конфликт во Украина може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.

07:55 – Преку хуманитарните коридори евакуирани околу 48.000 Украинци

Околу 48.000 Украинци се евакуирани преку хуманитарните коридори, изјави Кирил Тимошенко, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

07:46 – Од Украина евакуирани повеќе од милион деца

Повеќе од милион деца се евакуирани од Украина во соседните земји за помалку од две седмици од почетокот на оружениот конфликт во таа земја, изјави Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ.

07>42 – Конгресот одобри 14 милиони долари итна помош за Украина

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој, меѓу другото, се предвидува 13,6 милиони итна помош за Украина и нејзините европски сојузници.

07:39 – Зеленски потпиша закон со кој на сите граѓани на Украина им се дозволува да користат оружје за време на воена состојба

„За време на периодот на воена состојба, граѓаните на Украина можат да учествуваат во отпорот… користејќи сопствено оружје, спортско оружје ловечки пушки и комбинирана муниција“, рече Зеленски.

07:27 – Мариупол ќе остане без храна за три до пет дена тврди украински пратеник

Дмитриј Гурин, пратеник во украинскиот Парламент, за Скај Њуз изјави дека Русија бомбардира цивилна инфраструктура во пристанишен град на Црното Море.

07:25 – Кулеба и Лавров во Анталија на директна среба

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина пристигнаа во Турција за директни разговори закажани за денеска наутро, соопштија официјални лица. Тоа ќе биде прв контакт на високо ниво меѓу двете страни откако Москва почна со инвазија врз соседот Украина.

10/03/2022

20:04 – ОН: Здравствена установа никогаш не треба да биде цел на напад

Здравствена установа „никогаш не треба да биде цел“, изјави денескапортпаролот на ОН Стефан Дужарик по рускиот воздушен напад врз детска болница во Украина.

19:29 – Џонсон по бомбардирањето на породилиштето во Мариупол: Ќе се погрижиме Путин да одговара за злосторствата

Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди на Твитер денешниот бомбашки напад врз детска болница и породилиште во Мариупол.

„Има малку работи што се порасипани отколку да се напаѓаат ранливите и оние без одбрана“, напиша Џонсон во твитот.

19:24 – САД: Русија можеби користи ненаведувани „неми“ бомби во војната во Украина

САД виделе показатели дека руската војска во нападот врз Украина користи таканаречени неми бомби кои не се наведувани и во голема мера го зголемуваат ризикот да се промаши целта, изјави денеска висок претставник на американската одбрана.

17:42 – Русија го направи првиот чекор кон национализација на странските компании

Руската владејачка партија Единствена Русија денеска соопшти дека владиниот комитет го одобрил првиот чекор кон национализација на имотот на странските компании кои ја напуштија земјата по воведувањето санкции поради инвазијата врз Украина.

17:15 – Во воздушен напад погодена детска болница во Мариупол

Во руски воздушен напад погодена е детска болница во Мариупол, соопшти денеска советот на градот, наведувајќи дека сè уште не е познато дали има жртви во нападот.

17:14 – Зеленски ја прифати поканата на Трудо да говори и пред канадските парламентарци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прифати поканата на канадскиот премиер Џастин Трудо да се обрати пред канадскиот парламент, јави Укринформ, повикувајќи се на твит на канадскиот премиер.

16:09 – Пакистан одби да се сврти против Русија

Пакистан го одби барањето на Западот да ја осуди руската акција во Украина, а пакистанскиот премиер Имран Кан порача на западните дипломати, дека Пакистанците не се нивни робови.

15:57 – Столтенберг ја предупреди Русија да не ги напаѓа линиите за снабдување на сојузниците што ја поддржуваат Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека руските напади врз линиите за снабдување на сојузниците, кои ја поддржуваат Украина со оружје и муниција, би бил опасна ескалација на војната што беснее во Источна Европа.

15:39 – Руте: Холандија не е подготвена да се откаже од руските извори на енергија

Холандија сè уште не е подготвена да се откаже од нафтата и гасот од Русија, но ќе работи на транзицијата на земјата кон зелена економија, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

15:25 – Слабо напредува евакуацијата на украинските градови

Русија денеска објави нов прекин на огнот во Украина со цел да овозможи цивилите да ги напуштат опколените градови, но евакуацијата слабо напредува.

14:47 – Руски војници влегоа во Скадовск, го повикаа градоначалникот да не одржува митинзи

Руски војници влегоа во Скадовск во областа Херсон, ги отстранија компјутерските системи од градскиот совет и го повикаа градоначалникот да не одржува проукраински собири.

14:25 – Кулеба: Резервните дизел генератори во нуклеарната централа Чернобил имаат капацитет од 48 часа

Украинскиот министер за надворешни работи повика на прекин на огнот за да се овозможи извршување поправки за да се врати снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил.

13:51 – Путин на состанок со министрите за мерките за минимизирање на влијанието на санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи состанок со членовите на неговата влада.

13:50 – ЕУ додава 160 руски олигарси и членови на парламентот на листата санкции

Европската унија се согласи да додаде 146 членови на Горниот дом на рускиот Парламент и 14 олигарси и роднини поврзани со Кремљ на списокот со санкции поради војната на Москва во Украина, соопштија официјални лица.

13:46 – УНХЦР: За еден ден над 140.000 луѓе побегнале од Украина

Бројот на луѓе кои побегнале од Украина се зголеми за повеќе од 140.000 во изминатите 24 часа, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).

13:45 – Русија: Поради апсурдноста на тужбата, не присуствувавме на сослушување во Меѓународниот суд за правда

Русија не присуствуваше на сослушување во Меѓународниот суд за правда во судски спор покренат од Украина, која бара да ги запре непријателствата на нејзината територија, поради „апсурдноста“ на тужбата.

12:57 – РТ Франс ја оспорува својата забрана од ЕУ пред европските судови

Француската филијала на РТ (екс-Русија денес) покрена тужба пред европската правда за укинување на забраната за емитување наметната од ЕУ како дел од санкциите против Русија, објави Судот на правдата на ЕУ, јави дописникот на МИА.

12:51 – Оланд за војната во Украина: „Мора да се донесе голема одлука“

Гостин на радиото Франс Интер, поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, осврнувајќи се на војната во Украина рече дека „мора да се донесе голема одлука“

12:46 – Песков: Понудата на Полска е потенцијално опасно сценарио

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека понудата на Полска своите борбени авиони МиГ-29 да ги распореди во воената база на НАТО, Рамштајн и да ги стави на располагање на САД е потенцијално опасно сценарио.

12:36 – Украина: Чернобил остана без струја, радиоактивни честички може да завршат во воздухот

Руските сили ја исклучија нуклеарната централа Чернобил од националната електрична мрежа, соопшти украинската државна енергетска компанија Укренерго.

12:00 – „Комерсант“: Русија е при крај со инсулин и други важни медицински материјали произведени во странство

Русија е при крај со инсулин и други важни медицински материјали произведени во странство, објави денеса дневниот весник Комерсант, вклучително и суровини клучни за производство на лекови дома.

11:56 – Трудо: Канада ќе испрати уште една пратка воена опрема во Украина

Премиерот на Канада Џастин Трудо по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Отава ќе и испрати на Украина уште една пратка со високо-софистицирана воена опрема.

11:42 – Захарова: Русија преку разговори ќе ги постигне целите

Русија ќе ја постигне својата цел – неутрален статус на Украина и претпочита да го направи тоа преку разговори, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

11:42 – ОЕЦД го суспендира учеството на руски и белоруски претставници

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека го суспендирала учеството на руски и белоруски претставници во работните тела поради руската инвазија на Украина.

11:41 – ЕУ се согласи да ги заостри санкциите кон Русија и Белорусија поради Украина

ЕУ се согласи да додаде уште руски олигарси и функционери на црната листа на санкции, да ја зајакне контролата на трансферите на криптовалути и да го таргетира поморскиот сектор поради војната на Москва во Украина, соопштија дипломати.

11:28 – Русија најави брз, жесток и болен одговор на западните санкции

Русија предупреди дека работи на голем и жесток одговор на западните санкции, за кој тврди дека ќе биде брзе и ќе се почувствува во „најделикатните области“, пренесува Ројтерс.

10:58 – Верешчук: Украина и Русија постигнаа договор за коридори за евакуација на цивилите

Русите и Украинците утрово се договорија да го почитуваат прекинот на огнот за голем број хуманитарни коридори за евакуација на цивили, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

10:57 – Во Русија нема да го има ниту пивото „Хајнекен“

Холандскиот производител на пиво соопшти дека ја запира продажбата, производството, како и рекламирањето на „Хајнекен“ во таа држава.

10:56 – Њујорк тајмс ги повлече дописниците од Русија за првпат по повеќе од еден век

Њујорк тајмс ги повлече своите дописници од Русија, па за првпат по повеќе од еден век, весникот ќе нема новинари во таа држава.

10:53 – Украина го забрани извозот на ‘рж, јачмен, шеќер, месо до крајот на годината

Украинската влада го забрани извозот на ‘рж, јачмен, хељда, просо, шеќер, сол и месо до крајот на оваа година, се вели во резолуцијата на владата објавена денеска.

10:27 – Поранешен грузиски министер се бори во Украина

Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окриашвили се приклучи на Меѓународната легија на украинската армија.

10:19 – ВИДЕО: Во нападот во Суми убиени 22 лица, меѓу кои три деца

Градоначалникот на Суми, Дмитриј Живицки изјави дека Русија бомбардирала населена област во североисточниот дел на градот во текот на ноќта и дека 22 лица биле убиени, меѓу кои и три деца.

10:07 – ВИДЕО: Израел евакуира десет деца болни од рак од Киев

Амбасадорот на Израел во Романија Дејвид Саранга и неговите колеги евакуираа десет украински деца болни од рак од Киев во Израел.

09:46 – Пекинг смета дека потезите на НАТО и САД се причина за „критична точка“ на тензиите меѓу Русија и Украина

Потезите на Северноатлантската алијанса предводена од САД се причината што доведе до „критична точка“ на тензиите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан.

09:39 – Кинескиот Црвен крст со хуманитарна помош вредна 791.540 долари за Украина

Кинескиот Црвен крст ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од пет милиони јуани, или 791.540 долари, за Украина, изјави денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, јавија британски медиуми.

09:31 – Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија

Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија.

09:29 – МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил

„Главниот директор …. рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти МААЕ.

09:27 – Совет за Американците: Направете тестамент и оставете примерок од ДНК

Од почетокот на војната во Украина, Стејт департментот издаде различни предупредувања до своите граѓани кои се во Украина и Русија.

08:59 – Украинскиот актер Паша Ли загина во руско бомбардирање

Талентираниот украински актер и ТВ водител Паша Ли е убиен во Ирпин додека руските сили го бомбардираа градот кој се наоѓа во близина на Киев.

08:52 – Украина мора да го запре нападот на Русија во следните седум до 10 дена, тврди украински владин претставник

Украина мора да го запре нападот на Русија во следните седум до 10 дена за да не може Москва да тврди каква било победа, наведе висок украински владин претставник.

08:37 – (ВИДЕО) Русите тврдат дека поседуваат тајни украински документи: „Детално e опишан нападот“

Руското Министерство за одбрана соопшти дека дошло до украински документи за планот за напад на Донбас.

08:05 – Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев

Компанијата Maxar Technology објави нови сателитски снимки.

07:59 – Серија експлозии во Киев и околината

Рано утринава повторно се слушнале експлозии во Киев и околината, јави Би-Би-Си.

07:59 – Велика Британија вели дека украинската воздушна одбрана има значителен успех против руските авиони

Велика Британија денеска објави дека украинската воздушна одбрана има успех против руските авиони, што веројатно ја спречува Русија да го контролира воздушниот простор.

07:52 – Работата во Русија ја прекинуваат Пепси, Кока-Кола, Старбакс, Мекдоналдс

Coca-Cola и PepsiCo ја прекинуваат продажбата на нивните сокови во Русија, откако претходно и Мекдоналдс и Старбакс објавија најава за прекин на бизнисите во таа држава.

07:51 – Санкциите на САД не опфаќаат увоз на ураниум од Русија

Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи

07:47 – САД стопираа увоз на руска нафта, Москва ветува нови коридори за Украина

САД го забранија увозот на руска нафта, во обид да и зададат голем економски удар на Москва поради војната во Украина каде денеска треба да се отворат нови хуманитарни коридори за цивилите кои се обидуваат да избегаат од опколените градови.

07:46 – ММФ ќе разгледа 1,4 милијарди долари вонредно финансирање за Украина

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд е подготвен денеска да одобри 1,4 милијарди долари итна помош за Украина за да и помогне да одговори на руската инвазија. Тоа го изјави синоќа извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.

07:45 – Лавров отпатува за Анталија на средба со Кулеба

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина за Анталија, Турција, каде утре ќе има средба со својот украински колега Дмитриј Кулеб, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

07:42 – Украина нуди милион долари за секој заробен руски авион

Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион.

07:41 – Русија најави нови хуманитарни коридори за денеска

Руските сили ќе го прекинат огнот денеска од 10 часот по московско време и се подготвени да обезбедат хуманитарни коридори за луѓе да можат да го напуштат Киев и уште четири градови, соопшти Меѓуресорскиот координативен штаб на Русија за хуманитарен одговор во Украина.

07:40 – Пентагон го отфрли предлогот на Полска да им ги даде МИГ-овите на САД, па тие да ги проследат до Украина

Пентагон го отфрли предлогот на Полска да ги префрли нејзините борбени авиони МиГ-29 во САД за испорака во Украина, нарекувајќи го неодржлив, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

07:37 – Централната банка на Русија ги ограничи исплатите

Централната банка на Русија соопшти дека на граѓаните со девизни сметки нема да им биде дозволено да подигнат повеќе од 10.000 долари.

07:37 – Ватикан на руската Влада и изразил загриженост поради војната во Украина

Државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин вчера телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

07:37 – Русија ја критикуваше забрана на САД за увоз на руска нафта

Русија ја критикуваше одлуката на САД да воведе општа забрана за увоз на руска сурова нафта и предупреди дека тоа може да има глобални последици.

00:16 – Влезот на руски авиони во британскиот воздушен простор од денеска е кривично дело

Влез на руски авиони во британскиот воздушен простор од денеска ќе се смета за кривично дело, изјави британскиот министер за транспорт Грант Шапс.

08/03/2022

21:23 – Русија за утре наутро најави ново хуманитарно примирје во Украина

Руската армија најави дека утре наутро ќе воведе ново примирје за евакуација на цивили од Украина, по воспоставувањето на хуманитарни коридори.

– Русија најавува прекин на огнот на 9 март во 10 часот по московско време (08:00 часот по средноевропско време) и е подготвена да воспостави хуманитарни коридори, соопшти одделот задолжен за овие прашања во руската Влада, пренесоа светските агенции.

19:36 – Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено затвора 850 ресторани во Русија поради руската воена операција во Украина.

Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа 62.000 вработени во Русија.

19:19 – Харков е под украинска контрола

Градот Харков е под контрола на вооружените сили на Украина, соопшти шефот на регионалната цивилна и воена управа на Харков, Олех Синегубов.

17:32 – Пристигна барањето за разгледување на апликацијата на Украина во Европската комисија

Од Европската комисија потврдија за МИА дека до нив попладнево пристигнало писмото од земјите членки на ЕУ со кое се наложува да се разгледаат апликациите за членство во ЕУ на Украина, Молдавија и Грузија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Земјите членки вчера под француско претседателство дадоа зелено светло за да се анализираат кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија од страна на Европската комисија како извршна власт и чувар на повелбите на ЕУ.

17:26 – Зеленски разговарал со израелскиот премиер Бенет

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска на Твитер објави дека разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет, кој прави напори за посредување меѓу Киев и Москва.

„Разговарав со Нафтали Бенет. Му се заблагодарив за напорите за посредување на Израел. Разговаравме за начини за ставање крај на војната и насилствата“, напиша Зеленски на Твитер.

15:39 – ОХЦХР: Има извештаи за насилство врз проруси граѓани во Украина

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЧР) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски настроени се цел на насилство во регионите под контрола на украинската Влада, изјави денеска високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле.

14:57 – (ВИДЕО) Кличко: Киев се подготвува за одбрана на градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави ново видео на социјалните мрежи.

14:45 – Си апелира за мировни преговори помеѓу Русија и Украина

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, на видео средбата со францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, истакна дека ситуацијата во Украина е загрижувачка и повика на максимална воздржаност.

14:45 – Блинкен: Европа да престане да се потпира на рускиот гас

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека е „императив“ европските земји да престанат да се потпираат на руската енергија, особено додека трае украинската војна, бидејќи Русија енергенсите ги користи како оружје.

14:44 – Резников: Во руските акции убиени 38 и повредени над 70 деца

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека во руските воени акции убиени се 38 и повредени над 70 деца, според најновите проценки на жртви и штети.

14:27 – Хабек: Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа

Германскиот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта.

14:26 – Столтенберг: Потребни се „вистински хуманитарни коридори“ во Украина

Цивилите мора да можат да се евакуираат безбедно од Украина, ијзави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

14:21 – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Вака денеска изгледа Ирпин, град оддалечен 30 километри од центарот на Киев

Бескрајна „река“ луѓе бега од Ирпин. Многумина одат пешки. Тие се обидуваат да избегаат од гранати кои го уништуваат нивниот роден град.

13:56 – Пекинг бара безбедност на биолабораториите во Украина како и објаснување од САД

Кинеското Министерство за надворешни работа денеска ги повика сите страни да ја гарантирааат безбедноста на 26-те биолаборатории во Украина, како и од САД да објават поединости поврзани со прашањето.

13:22 – (ВИДЕО) Зеленски: Паѓа снег, тоа е пролетта што ја добивме

„Вее снег. Тоа е пролетта што ја добивме. Пролетта оваа година е како оваа војна. Тешка. Но, сè ќе биде добро. Ќе победиме“, рече тој.

13:17 – „Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава.

13:14 – Украински министер: Русија држи 300.000 цивили како заложници во Мариупол

Украинскиот министер известува дека бил нападнат хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје.

13:10 – Русија го престигна Иран по бројот на компании и лица под санкции

По бранот рестриктивни мерки што ги преземаа западните земји во последните денови, Русија стана „светски лидер“ по бројот на лица под санкции, надминувајќи го Иран по тој показател, покажуваат статистичките податоци.

13:09 – ИСВ: Руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев во следните 24-96 часа

Руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев во наредните денови, според анализа на Институтот за проучување на војната (ИСВ).

13:07 – Украинска ИТ компанија го напушти Нови Сад затоа што Србија не воведе санкции кон Путин

Незадоволна од односот на српските власти кон руската агресија во Украина, украинската ИТ компанија „Интелиас“ го пресели својот бизнис од Нови Сад во Хрватска

13:06 – Јапонија прими осум украински бегалци

Азиската економска сила Јапонија се согласи да прифати бегалци од Украина и досега им дозволи влез во земјата на осум лица, соопшти денеска Владата во Токио.

13:05 – Си Џинпинг повикува на „максимална воздржаност“ во Украина и продолжување на преговорите

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на „максимална воздржаност“ во Украина изразувајќи „длабока загриженост“ за кризата во земјата.

13:05 – Се зголемува листата на американски мултинационални бизниси што прекинуваат бизниси во Русија

Се зголемува листата на американски мултинационални бизниси – од Епл до Левис – кои ги прекинуваат активностите во Русија, но некои компании избираат да останат во земјата и покрај ризиците за нивната репутација.

12:59 – Валас: Треба да се забрза процесот за виза за бегалците од Украина

Велика Британија треба да го забрза процесот за виза за бегалците, кои бегаат од војната во Украина, изјави денеска министерот за одбрана Бен Волас, јави Би-Би-Си.

12:50 – Украинско Министерство за одбрана: Русија го нарушува коридорот за евакуација на Мариупол

Украина ја обвини Русија за кршење на хуманитарниот коридор чија цел е да им овозможи на цивилите да го напуштат опколениот јужен пристанишен град Мариупол

12:47 – УНХЦР: Вториот бран бегалци од Украина ќе бидат поранливи групи

По првиот бран бегалци од Украина, најверојатно ќе има и втор бран, но со повеќе ранливи групи луѓе, изјави денеска директорот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди.

12:16 – Поранешниот украински претседател Јанукович го повика Зеленски да се откаже од борбата

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, кој беше осуден за предавство во својата земја, а сега се наоѓа во Русија, го повика актуелниот шеф на државата Володимир Зеленски да се откаже од борбата против Русија.

12:16 – Самит на ЕУ во Франција за ново стратешко позиционирање и Украина

Шефовите на држави и влади на ЕУ в четврток и петок ќе бидат во Версај, Франција за да разговараат за украинската криза и новото стратешко позиционирање на Унијата.

12:15 – ЕК подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија

Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија, насочен кон руски олигарси и политичари, како и три белоруски банки.

12:15 – Германија покренува постапка за собирање докази за евентуални воени злосторства извршени од руски војници во Украина

Германскиот федерален обвинител отвори истрага за евентуални воени злосторства сторени од страна на руските војници во рамки на инвазијата во Украина.

12:11 – Зеленски: Изгубивме интерес за влез во НАТО, подготвени за дијалог околу статусот на Крим и Донбас

Што се однесува до НАТО, јас одамна изгубив интерес по тоа прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина.

12:04 – ВИДЕО: Украинците објавија снимка од наводно уништување на противтенковска ракета

Копнените сили на Вооружените сили на Украина објавија снимка на која, како што велат, се гледа како тие ја уништуваат опремата на руската противтенковска ракета.

11:58 – Британски министер: Ова ќе биде крајот на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин е потрошена сила во светот, без разлика како ќе заврши војната во Украина, смета британскиот министер за одбрана Бен Валас, со претпоставка дека инвазијата ќе биде крај на Путин.

11:54 – (ВИДЕО) Русите објавија снимка: Вака изгледа употребата на борбени напаѓачки хеликоптери

Министерството за одбрана на Русија на Јутјуб објави, како што велат, видео од борбената употреба на јуришните хеликоптери Ка-52.

11:51 – Евакуирани цивили од Суми и од Ирпин, градоначалникот Маркушин добил закана по животот

Евакуирани се над 150 цивили од североисточниот украински град Суми. Жители на Ирпин, исто така ги напуштаат своите домови, соопштија денеска, официјални украински извори, јавија британски медиуми.

11:45 – ВИДЕО: Објавени нови снимки од руското уништување во Украина

На социјалните мрежи се објавени нови снимки од градовите во Украина по руските напади.

11:42 – Русија за односи на „мирољубива коегзистенција“ со САД како во времето на Студената војна

Русија и САД своите односи треба да ги уредуваат според принципот „мирољубива коегзистенција“, на начин како што тоа беше во времето на Студената војна, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

11:24 – (ВИДЕО) Зеленски: Ако светот остане настрана, ќе се изгуби себеси, засекогаш

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се обрати со видео порака на Фејсбук.

10:53 – (ВИДЕО) Украина: Започна евакуацијата од Суми и Ирпин

Започна евакуацијата на цивилите од североисточниот украински град Суми и Ирпин, во близина на Киев, соопштија официјални украински извори

10:49 – ВИДЕО: Храбри граѓани на окупираниот Херсон застанаа пред вооружени руски војници

Социјалните мрежи се преполни со видеа од граѓани кои протестираат пред вооружените руски војници во Херсон.

10:39 – Украинска армија: Убиени 12.000 руски војници

Украинската војска соопшти дека уништила 1.036 оклопни транспортери, 474 возила, 303 тенкови, 120 артилериски системи, 60 резервоари за гориво, 56 повеќе ракетни системи, 80 хеликоптери, 48 авиони, 27 противвоздушни системи, 7 беспилотни летала и 3 чамци.

10:03 – УНХЦР: Бројот бегалци од Украина за ден два ќе надмине два милиони

Комесарот на УНХЦР, Филипо Гранди, денеска соопшти дека според текот на настаните на терен проценката на Агенцијата за бегалци на ОН е оти наредните два дена бројот бегалци од воените жаришта во Украина да достигне два милиона.

09:33 – Москва: Отворени коридорите за евакуација на украинските цивили

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во Украина го почитуваат прекинот на огнот од осум часот наутро и оти се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација на жителите на Киев и четири други украински градови Чернигов, Суми, Харков и Мариупол, објавија руските медиуми.

09:33 – Верешчук: Цивилите ќе го напуштат Суми со хуманитарен конвој

Цивилите денеска ќе го напуштат опколениот украински град Суми според договорот со Русија за воспоставување „хуманитарен коридор“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

09:33 – Украина: Штетата на инфраструктурата изнесува над 10 милијарди долари

Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков денеска процени дека штетата предизвикана од руската инвазија врз транспортната инфраструктура на Украина изнесува над 10 милијарди долари

09:30 – Лондон ќе ја поддржи Полска доколку отстапи свои борбени авиони за Украина

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, денеска изјави дека Британија ќе ја поддржи Полска доколку одлучи да даде борбени воени авиони за украинската одбрана, но притоа укажа и на можните директни последици од таква одлука на Варшава.

08:41 – ВИДЕО: Најмалку деветмина загинати во напад врз украинскиот град Суми

Најмалку девет лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад извршен од воздух врз украинскиот град Суми, околу 350 километри источно од Киев, соопштија спасувачките служби.

08:15 – Факти: Веројатни последици во светот од евентуална забрана на увоз на руска нафта

Таквата забрана би била без преседан, со исклучително високи цени и ризик од инфлациски шок.

08:12 – Јапонија воведува санкции за уште 32 службени лица и компании од Русија и Белорусија

Јапонија воведе санкции за уште 32 руски и белоруски официјални претставници и компании, соопшти денеска јапонското Министерство за финансии.

08:06 – Русија ќе отвори „хуманитарни коридори“, Киев инсистира на тоа дека потегот е рекламен трик и луѓето нема да можат да заминат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се откажува од претходните договори за коридори и дека се обидува да ги спречи луѓето, како на пример со поставување експлозиви на патиштата.

08:01 – Руски штаб за хуманитарна помош: Повеќе од два милиона луѓе од Украина побарале евакуација

Повеќе од два милиона луѓе досега побарале од Русија евакуација, соопшти денеска рускиот Меѓуресорски координативен штаб за хуманитарна помош во Украина.

07:55 – Зеленски ги повлекува украинските војници од мировните мисии низ светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша указ за повлекување на украинските војници од мировните мисии низ светот со цел да учествуваат во борбите против руските вооружени сили.

07:50 – Русија предупредува на обидите за забрана за увоз на нафта

Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори.

07:46 – Зеленски ќе им се обрати на пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ќе им се обрати на пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент од Украина, изјави претседателката на парламентот Линдзи Хојл.

07:45 – Москва објави за денеска прекин на огнот за неколку украински градови

Руските власти најавија дека од денеска ќе стапи на сила прекинот на огнот за неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

07:41 – Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков

Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков.

07:40 – ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 1.200

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден.

07:39 – И Кулеба потврди дека в четврток ќе се сретне со Лавров

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба потврди дека во четврток планира да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

00:49 – Макрон и Шолц ќе разговараат со Си за руско-украинската криза

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се очекува да имаат заеднички разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг.

00:31 – Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена

Повеќе од 100 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година, се заглавени таму повеќе од 12 дена откако руските сили го зазедоа објектот на првиот ден од инвазијата.

00:30 – Повеќе од 742.000 Украинци се без струја

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе од 742.000 луѓе во моментов немаат пристап до електрична енергија низ целата земја.

00:13 – (ВИДЕО) Зеленски: Останувам во Киев, не се кријам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва го објави своето ново обраќање на социјалните мрежи. Како што може да се види на видеото, Зеленски е во неговиот претседателски кабинет во Киев.

00:12 – Би-Би-Си: Силни експлозии во Одеса

Во украинскиот пристанишен град Одеса, вечерва се слушнале три или четири силни експлозии кои доаѓале од запад, јави Би-Би-Си.

07/03/2022

23:23 – Путин: Нема да ги мобилизираме Русите да се борат во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва изјави дека нема да испраќа регрути и резервисти да се борат во Украина и оти офанзивата ја водат „професионалци“ кои извршуваат „зададени задачи“, јавија светските агенции.

23:20 – Украина тврди дека убила важен руски генерал

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во Харков е убиен генерал-мајор на руската армија.

23:05 – Русија објави прекин на огнот за неколку украински градови

Русија вечерва објави дека утре ќе стапи во сила прекин на огнот во неколку украински градови поради евакуација на цивили преку хуманитарни коридори, јавија повеќе светски медиуми.

22:52 – Бомбардирани две складишта за нафта во Украина

Руските сили вечерва бомбардирале две складишта за нафта во Житомир и Черњахов, соопшти украинската Државна служба за итни случаи (ДСНС).

22:34 – Украина повика на директни разговори меѓу Зеленски и Путин

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба повика на директни разговори меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин.

21:35 – Американскиот Конгрес подготвува трговски мерки против Русија и забрана за увоз на руски енергенси

Лидерите од Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес, од комисиите за трошоци и финансии, изјавија дека подготвуваат нацрт-закон според кој се прекинуваат нормалните трговски односи со Русија и Белорусија, јави денеска Си-ен-ен.

21:32 – СЗО: Најмалку девет жртви во 16 напади врз здравствени установи во Украина

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека најмалку девет лица биле убиени во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија врз земјата.

21:17 – Зеленски утре ќе се обрати пред британскиот Парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во 18 часот ќе им се обрати на британските пратеници.

Британските медиуми обраќањето го нарекоа историско.

20:58 – Што значат буквите Z и V на руските воени возила?

Од почетокот на воената операција, која на 24 февруари ја најави претседателот на Русија, Владимир Путин, на воените возила на руската армија може да се види буквата „З“(Z)

20:45 – Бајден, Макрон, Џонсон и Шолц разговараа за Украина

Лидерите на САД, Германија, Франција и Велика Британија повторно ја повикаа Русија веднаш да ги повлече своите трупи од Украина.

20:42 – Пентагон: Русија ги ангажира сите сили во Украина, но нема голем напредок

Според најновата проценка на Пентагон, Русија за инвазијата врз Украина ангажирала речиси сто проценти од армијата односно околу 127 тактички баталјони.

19:20 – Завршена третата рунда преговори меѓу Русија и Украина

Третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина заврши вечерва во регионот Брест, во Белорусија, соопшти руската Амбасада во Минск.

„Заврши третиот круг руско-украински преговори во Белорусија“, соопшти амбасадата на својот канал Телеграм.

19:14 – Захарова: Воената операција во Украина е вон јурисдикцијата на Меѓународниот суд на ОН

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на Обединети нации во Хаг за тужбата на Украина против Русија, бидејќи прашањето за специјална воена операција е вон негова јурисдикција.

19:03 – Украинците велат дека уништиле седум руски цистерни

Офицерот на украинската армија Анатолиј Стефан објави дека е уништен конвој руски цистерни во близина на Прилуки, град на околу 130 километри од Киев.

17:15 – Најмалку 13 цивили убиени во воздушен напад на фабрика за леб во Украина

Најмалку 13 тела на цивили се извадени од под урнатините по воздушен напад врз фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи.

16:50 – Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за влошената хуманитарна ситуација во Украина

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница на која ќе разговара за влошувањето на хуманитарната ситуација во Украина, дознаваат британските медиуми од дипломатски извори.

16:19 – Мишел: Лидерите на ЕУ неделава ќе разговараат за украинското барање за членство

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска најави дека лидерите на ЕУ во следните неколку дена ќе разговараат за апликацијата на Украина за членство во ЕУ.

15:36 – Почна третата рунда преговори Русија – Украина

Третата рунда преговори помеѓу руската и украинската делегација попладнево почна во Белорусија.

Како што јави руската новинска агенција ТАСС, украинската делегација во Бјеловешка шума пристигнала со два хеликоптера.

14:58 – Путин: Украинските националисти и натаму го попречуваат повлекувањето на цивилите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска кажа дека украинските националисти продолжуваат да го попречуваат повлекувањето на цивилите од конфликтните зони, соопшти прес-службата на Кремљ, по разговорите меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди.

14:58 – Подољак: Над 900 населени места во Украина се без струја, греење и вода

Повеќе од 900 населени места во Украина се без електрична енергија, вода и греење по нападот на руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

14:44 – Џонсон: Велика Британија е великодушна кон бегалците, но потребна ни е контрола

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги отфрли повиците до Велика Британија да се олеснат барањата за визи за украинските бегалци, кои бегаат од конфликтот, изјавувајќи дека Велика Британија е дарежлива земја, но мора да има проверки кој влегува во земјата.

14:41 – Русија тврди дека евакуацијата од украинските градови е во застој

Официјална Москва тврди дека евакуацијата на цивилите од украинските градови е во застој поради што Киев не ги исполнува условите за воспоставување хуманитарни коридори.

14:07 – Кремљ: Инвазијата веднаш ќе престане доколку Украина ги исполни нашите услови

Русија бара од Украина да престане со воената акција, да го промени својот Устав за да внесе неутралност, да го признае Крим како руска територија и да ја признае независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

13:56 – Украинска армија: Упаднавме на аеродромот ноќе, уништивме 30 руски хеликоптери

Украинската армија на Фејсбук објави дека во текот на ноќта упаднале на аеродромот кај Херсон и дека уништиле околу 30 руски хеликоптери.

13:44 – Украинците тврдат дека убиле повеќе од 11.000 руски војници

Украинските власти објавија нови податоци за руските загуби.

13:30 – Русија потврди за тристрана средба во Анталија

Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турскиот дипломат Мевлут Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата.

13:21 – Русија бара Париз да ги заштити нејзините дипломатски претставништва во Франција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска побара Франција да ги заштити претставништвата на Москва во државата, тврдејќи дека се случил напад во зграда, што ја користи руска владина агенција во Париз.

13:21 – Полска формира фонд од 1,75 милијарди долари за помош на украинските бегалци

Полската влада има намера да формира фонд од 1,75 милијарди долари за помош на бегалците од Украина, изјави денеска владин претставник.

13:14 – Чавушоглу: Кулеба и Лавров ќе се сретнат в четврток во Анталија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договорија да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција, објави денеска турскиот МНР Мевлут Чавушоглу.

12:41 – Над 20 илјади противтенковски и противвоздушни ракети досега се испратени на Украина

САД и други членки на НАТО досега и испратиле на Украина 17.000 противтенковски проектили и 2.000 противвоздушни ракети Стингер, изјави висок американски функционер за Си-Ен-Ен.

12:41 – Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат попладнево

Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина треба да почне денеска попладне во Белорусија, јавија руски медиуми кои се повикуваат на белорускиот политиколог Јуриј Воскресенски, близок до организаторите на разговорите.

12:41 – ЕК: Кина има потенцијал да влијае врз Русија за прекин на војната

Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, потврди дека Европската Унија не ја исклучува Кина за притисок врз Русија

12:37 – ОН: Итно се потребни безбедни премини за спасување на луѓето во Украина

Стотици илјади луѓе во Украина се отсечени од помошта за спасување животи поради воената опсада на градовите, се наведува во денешниот извештај на ОН, кој итно повикува на безбедно минување.

12:33 – Хуманитарните коридори сè уште не функционираат, 300.000 цивили од Мариупол чекаат евакуација

Хуманитарните коридори за евакуација на цивили од украинските градови, сè уште не функционираат, информираше денеска украинската вицепремиерка Ирина Вересчук, јавија британски медиуми.

12:33 – Париз негира дека побарал од Путин хуманитарни коридори кон Белорусија и Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон не побарал од рускиот лидер Владимир Путин да отвори хуманитарни коридори кон Русија и Белорусија за Украинците кои бегаат од бомбардирањата, соопшти Елисејската палата, негирајќи го тврдењето на руските официјални лица.

12:30 – Путин доби список на непријателски земји

Путин побара од руската влада во рок од два дена да состави список на земји кои поддржаа санкции против Русија, а сега руската агенција РИА Новости објави дека списокот е направен.

12:00 – Во Русија во еден ден приведени над 5.000 лица, кои протестираа против нападот на Путин врз Украина

Русија приведе над 5.000 лица, кои протестираа против руската инвазија врз Украина, во десетици градови во текот на вчерашниот ден.

11:49 – Украинскиот амбасадор во Холандија: Русија не се појави пред судот во Хаг бидејќи сака војна

Амбасадорот на Украина во Холандија, Антон Кориниевич денеска изјави дека Русија не се појавила пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг бидејќи сака да води војна против неговата земја.

11:35 – Над 50 илјади бегалци од Украина пристигнале во Германија

Германското министерство за внатрешни работи објави дека според нивните информации 50.294 бегалци од војната во Украина пристигнале во Германија.

11:21 – Киев го отфрли предлогот на Москва за хуманитарни коридори кон Русија и Белорусија

Украина го отфрли предлогот на Москва за хуманитарни коридори кон Русија и Белорусија, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

11:19 – Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН

Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.

11:14 – Полска нема да испрати воени авиони, доколку за тоа не одлучи цело НАТО

Официјална Варшава, и покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО.

10:52 – (ВИДЕО) Си-ен-ен објави потресна снимка: Момче плачејќи со торба во рака сам преминува во Полска

Си-ен-ен сними тажен момент како момче сам ја минува границата, со торба во рака. Момчето плаче додека полека оди преку границата на Украина со Полска.

10:48 – УНХЦР укажува на потребата од поделба на товарот меѓу државите при прифатот на бегалци од Украина

Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти дека одговорноста за бегалците од Украина во Европа треба да биде распоредена на поструктурален начин.

10:22 – Украина: Рускиот предлог за евакуација е „неморален“

Украина денеска потврди дека преговара со Русија за воспоставување хуманитарни коридори, но властите нагласуваат дека тие најверојатно нема да бидат воспоставени додека руските сили се обидуваат да напредуваат.

10:07 – ЕУ проценува дека пет милиони лица ќе ја напуштат Украина доколку продолжат офанзивните активности

Околу пет милиони Украинци се очекува да ја напуштат земјата доколку продолжат офанзивните активности на руските воени сили во Украина, предупреди шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, притоа нагласувајќи ја потребата Европа да се подготви за тоа.

10:05 – Кина ја продлабочува стратешката соработка со Русија, ги поддржува преговорите меѓу Москва и Киев

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Пекинг изјави дека Кина ќе продолжи да ја продлабочува стратешката соработка со Русија.

10:00 – Факти: Руската инвазија врз Украина ги зголеми цените на суровините и енергенсите

Ескалацијата на руската инвазија врз Украина ги зголеми цените на суровините и енергенсите и ја загрози заедничката европска валута.

09:52 – САД ги предупредуваат своите граѓани „веднаш“ да ја напуштат Русија

Стејт департментот ги предупреди Американците да ја напуштат Русија веднаш, повикувајќи се на новиот закон на земјата со што се криминализира ширењето на „лажни информации“, околу војната во Украина, јавија американски медиуми.

09:40 – Пентагон: Истрелувањето руски ракети во Украина се забрзува

Пентагон соопшти дека Русија истрелала 600 ракети од почетокот на инвазијата врз Украина, што е значително зголемување, откако во петокот тој број изнесувал 500.

09:33 – Жан-Ив Ле Дриан: Украина ќе победи

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан е со став дека поради дипломатската изолација на Русија и ефектот од меѓународните санкции, Украина ќе биде победник

09:31 – Марк Мили го набљудуваше снабдувањето со оружје на Украина

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили посети аеродром на границата со Украина, што стана центар за снабдување на таа држава со оружје, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на висок функционер од американското Министерство за одбрана.

09:29 – Грчко МНР: Неприфатливи се изјавите на портпаролката на руското МНР

Неприфатливи ги карактеризираше портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, изјавите на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, која говореше за „антируска информативна кампања во Грција“

09:25 – Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина

Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА.

09:06 – Расте бројот на странски медиуми кои ја прекинуваат работата во Русија

Меѓународни радиодифузери и медиуми ја прекинаа работата во Русија, по одлуката на рускиот Парламент да го ограничи известувањето за вестите за инвазијата на земјата на Украина.

09:00 – Нов Зеланд воведува санкции против Путин, Мишустин, Лавров и Шојгу

Нов Зеланд воведува санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

08:52 – Речиси е завршена евакуацијата на набљудувачите на ОБСЕ од Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека евакуацијата на членовите на мисијата од Украина е речиси завршена.

08:44 – Украинците тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, во близина на Харков

Украинските безбедносни сили тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, југоисточно од Харков.

08:41 – ВИДЕО: Анонимусите тврдат дека хакирале руски телевизиски станици

Хакерскиот колектив „Анонимуси“ тврди дека ги хакирал преносите на руски државни телевизии, притоа емитувајќи снимки од руските воени дејствија во Украина и упатувајќи повици до рускиот народ да се спротистави на Владимир Путин.

08:36 – „Волстрит џурнал“: Русија регрутира сириски, искусни борци, тврдат официјални лица од САД

Русија регрутира сириски борци, искусни во урбана борба, додека го засилува својот напад врз Украина, тврдат официјални лица од САД, цитирани од Волстрит Џурнал.

08:06 – Градоначалникот на Николаев го потврди бомбардирањето на градот

Градоначалникот на Николаев потврди дека руските сили утринава го бомбардирале градот. Олександер Сенкевиќ на Фејсбук напиша дека руските сили бомбардирале станбени згради.

08:06 – ВИДЕО: Украинските медиуми објавија снимки од бомбардираниот град Николаев

Украинските медиуми објавуваат снимки од нападнатиот град Николаев, кој се наоѓа на југот на земјата.

08:06 – ВИДЕО: Русите го бомбардираа пристанишниот град Николаев

Русите повторно го бомбардираа јужниот пристанишен град Николаев.

07:42 – „Њујорк Тајмс“: Постојана заштитена телефонска врска на Зеленски со Бајден

СAД за украинскиот претседател, Володимир Зеленски, обезбедиле шифрирана комуникациска опрема што му овозможува директен контакт со американскиот претседател, Џон Бајден, преку безбедна телефонска врска, објави весникот „Њујорк Тајмс“.

07:42 – Украина и Русија пред највисокиот суд на Обединетите нации

Украина денеска ќе го повика највисокиот суд на Обединетите нации да и наложи на Русија да ја запре инвазијата, тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид.

07:42 – Британија најави уште 100 милиони долари помош за Украина

Велика Британија ќе и обезбеди на Украина дополнителни 100 милиони долари преку Светската банка за да помогне во ублажување на финансиските притисоци предизвикани од руската инвазија, соопшти вчера кабинетот на премиерот Борис Џонсон.

07:42 – Француска пратка со „разни медицински производи“ за Украина меѓу кои и јод за заштита од радиоактивни зрачења

Франција испратила за Украина „разновидни медицински производи“, вклучувајќи и јод, за заштита од случај на нуклеарна несреќа за време на борбите со руската армија, изјави синоќа шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан.

07:38 – Блинкен: НАТО земјите може да испратат борбени авиони во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина.

07:36 – Австралија: Кина мора да се приклучи на глобалната акција против руската инвазија

Австралискиот премиер Скот Морисон ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја што ќе има поголемо влијание од Кина врз крајот на војната во Источна Европа.

07:35 – Гранатирано складиште за нафта во Луганск

Украинските безбедносни сили извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск. Ова го изјави Родион Мирошник, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск.

07:30 – Од 10 часот прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од големите украински градови

На барање на францускиот претседател Еманауел Макрон упатено до рускиот претседател Владимир Путин, руските оружени сили од 10 часот објавуваат прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Сума

07:29 – Западот бара Русија да биде суспендирана од Интерпол

Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од меѓународната организација, изјави британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

07:28 – Украина и Русија се подготвуваат за третата рунда мировни разговори

По една и пол недела војна, Украина и Русија се очекуваше да се сретнат на третата рунда преговори, за кои двете страни рекоа дека може да се одржат денеска

07:27 – Украинската армија соопшти дека руските сили се подготвуваат за напад врз Киев

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските трупи се подготвуваaт за напад врз Киев.

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 28 февруари до 6 март.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков