Што значат буквите Z и V на руските воени возила?

Од:

Од почетокот на воената операција, која на 24 февруари ја најави претседателот на Русија, Владимир Путин, на воените возила на руската армија може да се види буквата „З“(Z)

Буквата понекогаш е во средината на круг или триаголник.

Некои веруваат дека операцијата била наречена „Операција З“, врз основа на упадливата буква З, која ги означувала руските тенкови и други воени возила.

Тие веруваат дека ова е официјалното име што Путин го избра за својата операција.

Едно од толкувањата е дека ова е знак за тоа каде отишле руските воени единици непосредно пред распоредувањето, тврдат воените аналитичари.

Таков симбол може да ја означи целта на возилото, но оваа ознака помага и да се спречи „пријателски оган“.

Симболи како овие се користени во други конфликти. Така имаше ознаки на возилата на американските војници во Ирак.

Сепак, ниту една од горенаведените претпоставки не е вистинската причина за употребата на симболите на возилата.

Како што објасни Министерството за одбрана на Руската Федерација на 3 март, тие ги избрале латинските букви Z и V на нивните возила како симболи на посебни изрази.

Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, буквата Z значи „За победа“, а буквата V – „Сила на вистината“ и „Задачата ќе биде исполнета“.

Едно од толкувањата е дека возилата што се испраќаат на запад се означени со буквата Z, а оние што одат на исток се означени со буквата V, бидејќи на руски за исток се вели восток.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници