Пристигна барањето за разгледување на апликацијата на Украина во Европската комисија

Од:

Од Европската комисија потврдија за МИА дека до нив попладнево пристигнало писмото од земјите членки на ЕУ со кое се наложува да се разгледаат апликациите за членство во ЕУ на Украина, Молдавија и Грузија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Земјите членки вчера под француско претседателство дадоа зелено светло за да се анализираат кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија од страна на Европската комисија како извршна власт и чувар на повелбите на ЕУ.

Откако ќе ја заврши својата анализа, Европската комисија ќе треба да објави мислење за овие апликации.

-Советот ги доби апликациите за членство од Украина, како и од Молдавија и Грузија и одлучи да ја покани Комисијата за мислење. Се очекува ЕУ лидерите да имаат политичка дискусија на неформалната лидерска средба во Версај, изјави за МИА портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро попладнево.

Таа во име на Европската комисија на оваа тема за МИА додаде „ја разбираме важноста на овој чекор за украинскиот народ како и за народите на Молдавија и Грузија, кој посакуваат да бидат дел од ЕУ. Тие му припаѓаат на европското семејство. Секоја земја има право да ја избере својата судбина. Комисијата брзо ќе оди напред со мислењата и тесно ќе соработува со Советот, изјави Писонеро за МИА.

Од Европската комисија не даваат рокови кога ќе биде објавено мислењето за апликациите на овие три нови потенцијални кандидати за членство, се чека во голем дел и на шефовите на држави и влади да се произнесат политички на крајот од оваа недела.

Ставовите на земјите членки за брз пристап на Украина, Молдавија и Грузија во ЕУ се поделени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов